СЗО: Невниманието на младите е причина за зголемениот број нови случаи на Ковид-19

Од Светската здравствена организација излегоа со предупредување за младите ширум светот.

Од таму велат дека не само што младите можат многу лесно да се заразат од коронавирусот, но и дека големиот број на нови случаи на заболени се, од како што велат, нивното невнимание.

Пилешко полнето со зеленчук со бешамел сос

Послужете со салата или прилог по желба

СОСТОЈКИ:

600 гр пилешко филе

300 гр тиквици

1 главица кромид

1 морков

1 јајце

сол

бибер

соја сос

3 лажици масло

бешамел сос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Месото исечкајте го на тенки парчиња и исчукајте го. Зачинете со соја сос, па посолете и побиберете.

Во тава ставете масло и пропржете кромид исечкан на коцки и изрендани моркови и тиквици. Посолете и побиберете.

Секое парче месо филувајте го и свиткајте. Редете во тепсија. Разматете јајце и прелијте преку месото, а потоа прелијте и бешамел сос. Печете 35 минути на 180 степени.

Добар апетит!

Готви,мк

Зошто луѓето изневеруваат?

Според едно истражување  „извесно“ годишно време спаѓа во групата на фактори кои се „виновни“ за неверство, дали можете ли да претпоставите за кое станува збор?

Прељубата во врската или бракот е една од најчестите причини за раскинување, а сега се појавија и податоци кои покажуваат во кое животно доба и мажите и жените најмногу изневеруваат.

Резултатите од едно британско истражување покажале дека луѓето извршуваат најголем број неверства на 39 години.

Објаснето е и дека таа година за многумина претставува пресврт во животот бидејќи некои почнуваат да влегуваат во средовечна криза или бараат нови возбуди.

Истражувањето покажало дека сме најподложни на неверства во последната година од која било животна декада (19, 29, 39, 49 или 59). По добата од 39 години, најчеста година за неверство е кога имаме 49, а следната е кога имаме 29 години.

Студијата покажала и дека некои луѓе изневеруваат за да го придобијат вниманието на партнерот.

Што се однесува до годишното време, особено се опасни летните месеци бидејќи тогаш се случуваат 25 отсто повеќе прељуби од вообичаено.

Петте најчести причини за неверства, според ова истражување, се:

• Недостиг на возбуда во креветот (75%)

• Се укажала прилика за тоа (54%)

• Здодевност во врската (46%)

• Повторен контакт со стара љубов на социјалните мрежи (28%)

• Желба за промена (22%)

Фото: Кој му прави друштво на Панчо на Водно?

- Денес ме направи посебно горд што ми беше Водно партнер и што се искачи до врв без ниту една пауза. Учете ги децата да се грижат за себе, своето здравје и да ги почитуваат вистинските вредности на животот, напиша Панчо под фотографијата на која се гледа дека денес планинарел во друштво на синот Андреја. 

Панчо секојдневно е на Водно и секојдневно испраќа мотивирачки пораки, со цел своите следбеници на социјалните мрежи да ги натера да водат здрав живот и да ги искористат благодатите на природата.

Овој пат браво и за него и за малиот наследник, кому очигледно планинарењето не му паднало тешко, се разбира, судејќи според насмевката. 

Популарно