Србија воведува задолжителен ПЦР тест и 14-дневен карантин за странците?

Србија во текот на оваа недела веројатно ќе воведе задолжителен ПЦР тест и 14-дневен карантин за странците кои доаѓаат од одредени земји.

Како што дознава „Телеграф.рс“ во Кризниот штаб за борбата против коронавирусот, списокот на земји за кои ќе се воведе карантин сè уште не е составен.

„Неопходно е во секлоја од земјите да се разгледа епидемиолошката состојба, што и се прави, така што врз основа на тоа ќе се донесе одлука“, изјавиле од Кризниот штаб на Србија.

Србија во моментов ја нема оваа мерка за ниту една земја.

Сепак, границите со Црна Гора се затворени. Најавена е можноста за отворање на границата со Бугарија на 16 август.

На 8 август пристигнаа информации од Германија дека во таа земја не може да се влезе без негативен тест за вирусот корона.

Грчките граници беа отворени за кратко време. Од Хрватска порачуваат дека нема влез без негативен ПЦР тест, кој е стар најмногу 72 часа.

А од почетокот на месецот, пак, се знаеше дека од друга страна е можно да се организираат патување во БиХ, Албанија, Турција и Египет од другата страна.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно