Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедска патека до Центар, велосипедистите го бараат истото и за Чаир

Скопските населби Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедско поврзување со централното градско подрачје во рамките на тековната реконструкција на булеварот Александар Македонски. Градот Скопје за прв пат ќе врши експропријација на земјиште за да се изгради велосипедска патека по овој булевар, преку која граѓаните од овие две населби ќе можат да патуваат со велосипед до центарот на Скопје. Станува збор за продолжување на велосипедската рута 1 од проектот „Скопје велоград“, која во моментов е изградена на потегот од населбата Автокоманда до Карпош, пишува meta.mk 

Од граѓанската иницијатива „На Точак“ ја поздравуваат ваквата одлука на градските власти, но и посочуваат дека ова треба да прерасне во редовна пракса при изградбата и реконструкцијата на улиците во градот. Тие деновиве испратиле и допис до Град Скопје во однос на најавата за одложување на изработката на проектната документација за тунелот под Скопското Кале, со чија што изградба општините Чаир, Бутел и Шуто Оризари преку Пластичарската улица треба да се поврзат со нова сообраќајница со центарот на Скопје.

Од „На Точак“ во дописот велат дека ако навистина има потреба од изградба на новата сообраќајница, која што треба да се поврзе кај Владата со булеварите „Св.Климент Охридски“ и „Илинден“, тогаш задолжително да се обезбеди безбеден пешачки и велосипедски сообраќај по неа. Тие бараат намалување на планираната ширина на коловозните ленти од 3,5 на 3 метри, тротоари со ширина од минимум 3 метри и велосипедски патеки од по 2,5 метри во двата правци на идната сообраќајница. Ако нема услови за вакво нешто, тогаш тие бараат да се изгради посебен пешачко-велосипедски мост и тунел за да можат граѓаните на овие општини поедноставно да стигнат до центарот на Скопје.

„Оваа врска по Климент Охридски ќе биде многу, многу атрактивна за пешачење и користење точак, за скратување дистанци меѓу Чаир и Центар, сакале или не. И ако не обезбедите специјален простор за нив, луѓето ќе го користат коловозот, ќе пречат на автомобилите, а и ќе ГИНАТ. Со најавените димензии, овој вијадукт ќе донесе пребрз сообраќај (околу 100 km/h) до Илинденска во срцето на Градот и ќе ја загрози безбедноста и амбиентот на живеење во најстрогиот центар. Поради сето наведено, бараме да се ревидира тендерската документација“, се вели во дописот испратен од „На Точак“ до Град Скопје.

Од „На Точак“ забележуваат дека токму граѓаните на Чаир и Бутел немаат ниту една велосипедска врска со центарот на Скопје, а треба да ги имаат и по улицата Цветан Димов и по идната сообраќајница што ќе се гради.

Инаку, „Мета.мк“ во изминатово лето пишуваше за конкретни предлози за развој на велосипедскиот сообраќај, вклучувајќи го и прашањето за изградба на нови патеки за движење на велосипедистите до периферните населби во Скопје.

(Фото) Патниците во оваа скопска населба наоѓале мир и си ја враќале силата

Приказната за општината Kисела Вода е дека кон крајот на 18 век, на источната страна на денешната општина Kисела Вода, се откриени извори на минерална, кисела вода, кои бликале под карпата на поранешен каменолом.

Патниците таму наоѓале мир и си ја враќале силата за патот што ги очекувал, па полека почнало да се раскажува дека водата е лековита и има исцелителска моќ. Подоцна населението изворот го регулирал со три чешми. До него се изградени црквите „Свети Ѓорѓија“ и „Свети Никита“, а општината почнала да се вика Kисела Вода.

Кисела Вода е  општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.

Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи

Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. 

Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа.

Вчера беше извршена санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во која учестуваа повеќе од 160 лица технички персонал на ЈП Водовод и канализација, како и 150 административен персонал.

Градоналничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по санацијата изјави дека станува збор за модернизација што за првпат се случува во повеќе од 50, односно скоро 60 години во градот Скопје.

Поради овој сложен оперативен план за санација на главниот цевковод поголем дел од Скопје вчера беше без вода од околу 2 часот, се до санирање на дефектот околу 14 часот, по што започна со постепено полнење на магистралниот цевковод на градот.

Популарно