Вук Костиќ вторпат е позитивен на коронавирус

Актерот пред неколку месеци преживеа корона без сериозни последици, а сега повторно се бори со Ковид 19. Како што тврди извор, Вук Костиќ има воспаление на белите дробови, тешко дише и наводно тешко зборува.

„Вук неодамна имаше темепратура, болка во коските и мускулите. Иако ги имаше симптоми на коорнавирус, тој ја отгрли таа можност бидејќи има антитела. Меѓутоа, неговиот доктор го советуваше да направи ПЦР тест кој покажа дека е позитивен на Ковид 19“, тврди извор.

Тој тврди дека актерот се лекува.

„Има воспалние на белите дробови, тешко дише, а некогаш не може ни нормално да зборува. Иако ситуацијата е серизона, тој е изолерен во својот стан. Докторите му дадоа терапија која ја зема секојдневно“, заклучува изворот.

Заврши љубовната приказна на Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо

Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ ја прекинаа љубовната врска која траеше 24 години, пишува Стори.хр.

Дека двојката во последните месеци не живее на иста адреса, објави и Јутарњи лист, повикувајќи се на одговорната за комуникација со медиуми на Петар Грашо.

Двајцата одбиле да ја коментираат разделбата, пишуваат хрватките медиуми.

Петар и Данијела се запознале во 1995 година на Дора во Опатија, две години подоцна започнале љубовна врска и никогаш не ја официјализирале со брак.

(Фото) Македонската пејачка се породи, а никој не ни знаеше дека е бремена

Познатата македонска пејачка и докторка Симона Поповска вчеравечер со објавата на својот Инстаграм профил ја изненади јавноста и своите следбенци – таа станала мајка на машко бебенце.

Изненадување за нејзината публика и јавноста беше тоа што никој не знаеше ниту дека пејачката е бремена. Откако вчера на нејзиниот профил се појавија честитки од пријателите сите дознаа дека Симона станала мајка.

Во телефонски разговор за „Бекстејџ“ тазе мама Симона откри зошто ја криеше бременоста, зборуваше и за чинот на породувањето, но и за тоа кое име го одбреле за наследникот.

-Чувството искрено не може ни да се опише,им посакувам ма сите кои што сакаат да се остварат како мајки што побрзо Господ да ги благослови,затоа што ова е еден момент кој што ќе се памети цел живот и не може да се спореди со ништо друго, вели Симона и додава дека породувањето поминало во најдобар ред, а откри и зошто не откриваше деќа ќе стане мајка:

-Jас и бебето сме одлични,имав прекрасен тим,породувањето беше спонтано и тоа е тоа. Веќе избравме име,ќе се вика Никола. Изненадувањта се реално секогаш послатки,јас не сум човек кој ја споделува приватноста ,но не беше намерно туку поради ситуацијата што се случува со ковид-19,периодот ми беше работа дома,чување и тос е тоа, вели пресреќната мајка која го опиша и моментот кога првпат го земала во реце своето чедо.

Кога ми го дадоа во раце доаѓаат солзи радосници и знаеш дека доаѓа нова етапа од животот како никоја досега, го заврши таа разговорот за „Бекстејџ“.

(Фото) Каролина Гочева со три збора го опиша времето во кое живееме

Популарната поп-пејачка Каролина Гочева на својот инстаграм-профил објави фотографија со голема симболика.

Фотографијата и зборовите што ја опишуваат предизвика бројни реакции и поддршка од нејзините колеги и обожаватели.

„Денов, месецов, годинава…“ напиша Каролина покрај црно-белата фотографија.

Популарно