Истражување: Отров кој сите го имаме во фрижидерот, а може да предизвика проблеми со мозокот и крвниот притисок

Кога храната ќе дојде во контакт со пластика, метал или пак некој друг материјал, постои голема веројатност на себе да собере и малку БПА.

„Практичните садови во кои што ви пристигнуваат вашите омилени оброци кои што ги нарачувате од ресторан, како и други пластични чинии наменети за чување храна се наоѓаат во речиси секој фрижидер. Меѓутоа, токму тоа што најчесто е употребливо може да биде и најотровно, најтоксичната работа во вашиот фрижидер - бисфенол А“.

Станува збор за хемикалија позната и како БПА која што компаниите почнале да ја користат за создавање пластика уште во 1960-та година, но и денеска се користи во производството на многу пластични материјали, па дури и чаша за вода. Исто така може да се користи и во обложување на лименките, капачињата од шишињата и друго, наведуваат експертите.

Кога храната ќе дојде во контакт со пластика, метал или пак некој друг материјал, постои веројатност дека на себе може да собере и малку БПА. Експертите велат дека и мала количина на БПА може да предизвика штетни влијанија во човечкиот организам.

Кај новороденчињата тоа може да влијае на простатата и мозокот, велат експертите. Меѓутоа, истражувањето покажало дека БПА може да има и влијание врз зголемениот крвен притисок кај возрасните.

Докторите од Харвард сугерираат дека треба да бидеме внимателни, да купуваме помалку конзервирана храна, а повеќе свежи производи. Избегнувајте да ставате пластика во микробранова печка или пак машина за миење садови „затоа што топлината со текот на времето може да ја разгради БПА и да продре во храната.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно