Анестезиологот д-р Ненад Карановиќ објаснува дали можело да им се помогне на младите во Посушје

Труењето со јаглерод моноксид честопати може да биде фатално, што за жал беше потврдено со последниот случај на труење на млади луѓе кај Посушје. Осум млади луѓе подлегнаа на последиците од труење додека ја чекаа Новата година, во викенд куќата на еден од починатите во Трибистово.

Дали овие млади луѓе можеше да бидат спасени, дали можеа да преживеат и што требаше да се стори во медицинскиот контекст доколку некој дојдеше пред вратата на викенд куќата каде што се одржа прославата, даде одговор анестезиологот, д-р Ненад Карановиќ за „Слободна Далмација“.

„ Ако некој „налетеше“ во првите моменти, кога бензинот започна да ги труе овие млади луѓе и да ги изнесеше надвор, нивниот живот ќе можеше да се спаси на чист воздух, само ако некој ги отвореше прозорците за да ја проветри просторијата во која престојуваа. Целата трагична приказна немаше да биде вака. Медиумите пишуваат дека прозорецот бил отворен, но секако не бил доволно отворен за потребната количина на воздух да влезе во контаминираната просторија за да го "исчисти" јаглерод моноксидот", објасни анестезиологот за „Слободна Далмација“.

Тој додава дека наместо кислород, крвта зела јаглерод моноксид и поради тоа мозокот останал без кислород, и како резултат на тоа се случила смрт.

„Тешко е да се каже колку време требало да се случи смртта. Тоа е индивидуално прашање, и зависи од здравјето на личноста, возраста... Смртта не им се случува на сите истовремено. Кај постарите и болните, смртта поради труење со јаглерод моноксид ќе се случи порано“, вели Карановиќ.

Ако некој влезел во таа куќа кога штотуку почнале да „заспиваат“ од јаглерод моноксидот и сите ги изваделе на чист воздух или само да ги отвореле прозорците, тие деца најверојатно ќе беа живи, додава Карановиќ.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно