(Фото) Иванка Трамп заедно со сопругот се преселија во една од најлуксузните згради во Мајами

Иванка Трамп, сопругот Џаред Кушер и нивните три деца се преселија од Вашингтон на Флорида, а како што пренесува Си-Ен-Ен, сега ќе живеат во една од најлуксузните згради во Мајами.

Изнајмиле стан во богатиот кварт „Surfside“, а таму ќе бидат сместени додека не се изгради нивната куќа на приватниот остров Крид.

Цената која ја плаќаат за киријата засега не е позната, а според извештаите за цените за изнајмување недвижнини во тој кварт, цените се движат по околу десетина илјади долари месечно.

Доналд и Меланија Трамп исто така ќе се преселат на Флорида.

Шакира не запира - Повторно удри по Пике, поради него ја занемари кариерата

Колумбиската пејачка Шакира неодамна откри дека долго време ја ставила својата кариера во мирување за да го поддржи својот поранешен партнер, фудбалерот Жерар Пике.

Во интервју за The Sunday Times, пејачката отворено проговори за жртвите што ги направила за љубовта и за одлуките што ги донела да биде таму за нејзиниот партнер додека тој играл фудбал.

Шакира истакна дека имало многу жртви, но дека тоа било нејзина одлука од љубов кон Пике. Двајцата беа во врска од 2011 до 2022 година, а во тој период добија и две деца – Милан (11) и Саша (9).

Пејачката откри дека се откажала од деловните можности за да биде со фудбалерот, и дека поголемиот дел од времето го поминувала на одгледување на своите деца во Барселона.

По разделбата со Пике, Шакира реши да и се посвети на кариерата. Таа објави многу нови песни, а на 22 март ќе го промовира својот нов албум наречен „Las Mujeres Ya No Lloran“ (Жените не плачат повеќе).

Овој албум го претставува нејзиното враќање на музичката сцена по пауза од седум години, а фановите со нетрпение ќе го очекуваат новиот материјал од оваа талентирана пејачка.

Иако Шакира откри дека имало многу жртви за љубовта, таа сега е фокусирана на кариерата и грижата за своите деца по разводот. Нејзиниот нов албум сигурно ќе го привлече вниманието на публиката, а преку новите песни можеме да очекуваме пејачката да ја покаже својата емотивна и уметничка еволуција.

Алек Болдвин побара отфрлање на обвиненијата против него

Адвокатите на американскиот глумец Алек Болдвин побараа од Судот да ги отфрли обвиненијата за убиство од небрежност против него.

Правниците т​​врдат дека обвинителите изнеле неосновани тврдења и обвинувања против Болдвин.

Станува збор за несреќното пукање кон кинематограферката Халина Хачинс во 2021 година, за време на снимањето на филмот „'Рѓа“, при што таа го загуби животот, а режисерот Џоел Соуза беше ранет. Судењето е закажано за 10 јули во американската сојузна држава Ново Мексико. Барањето на Болдвин уследи откако поротата ја осуди Хана Гутјерез-Рид за убиство од небрежност во одвоено судење. Гутјерез се соочува со затворска казна до 18 месеци.

И на Болдвин му се суди за убиство од небрежност. Според познавачи, пресудата на Гутјерез-Рид може да биде олеснителна околност за актерот, оти тој на 31 јануари годинава повторно се изјасни невин.

Судот во Ново Мексико повторно ја отвори кривичната постапка против него на 19 јануари, повеќе од две години по инцидентот и девет месеци откако беше првично обвинет за смртта на Хачинс. Претходните обвиненија против него беа отфрлени минатиот април кога обвинителите соопштија дека на виделина излегле нови информации што налагаат натамошна истрага.

Немилиот настан со исход - убиство се случи во октомври 2021 година, кога Болдвин вежбал пукање со пиштол за потребите на филмот. Глумецот тврди дека не знаел дека пиштолот бил наполнет со вистински куршуми.

(Фото) 84-годишниот Чак Норис: Се чувствувам како да имам 48 години

Популарниот американски актер кој многумина го паметат по неговите исклучителни способности пред камера, Чак Норис, неодамна наполни 84 години.

Која е тајната на неговото (не)стареење?

-Можеби имам 84 години, но се чувствувам како да имам 48 години, изјави Чак Норис на својот Инстаграм профил, додавајќи дека продолжува да спортува и води активен живот.

Својата виталност во деветтата деценија од животот ја должи пред се на физичката активност.

Актерот служел војска во Јужна Кореја, а по враќањето во Америка отворил училиште за боречки вештини.

На неговиот Инстаграм профил можете да видите како и на 84 години се уште боксува.

Она што многумина ги интересира е што јаде Чак Норис, а изгледа како да има половина од неговите години.

Пред четири години доживеал два срцеви удари, а лекарите им рекле дека „двапати починал по 47 минути“.

Чак Норис успеал не само да го преживее сето ова, туку толку брзо се опоравил што за неколку дена бил пуштен од болница.

Ова е списокот на намирници кои Чак Норис ги јаде, пишува LeafyDo.

1. Риба и говедско месо

Оваа храна е полна со протеини, кои се добри за обновување на мускулите. Протеините помагаат и во производството на колаген, што ја прави вашата кожа без брчки и ја зголемува еластичноста.

2. Брокула и спанаќ

Антиоксидансите помагаат во борбата против слободните радикали произведени во телото, особено стареењето, поради што храната како брокулата и спанаќот се есенцијални извори на витамин Ц, витамин Е и бета-каротин.

3. Бадеми и чиа семиња

Антивоспалителните својства помагаат да ја одржувате вашата кожа здрава. Затоа се препорачуваат чиа семки, бадеми и ореви бидејќи содржат омега-3 масни киселини.

4. Бобинки

Флавоноидите се присутни во речиси сите бобинки (како што се боровинки, јагоди и малини), кои се видови на антиоксиданси. Нашата кожа страда од оксидативен стрес, а поради овие бобинки се подобрува еластичноста на нашата кожа.

5. Вода

Хидратацијата е важна за целокупното здравје, по што се води Чак Норис. Со помош на вода, токсините се исфрлаат од телото и ја прават вашата кожа хидрирана.

Во интервју за магазинот The Healthy, Чак Норис еднаш откри тајна храна која му дава дополнителна енергија. Тоа е Ашваганда:

„Оваа супер билка против стареење помага да се зајакне мојата ментална енергија и забележав дека помага во одржување на нивото на енергија во текот на денот“, рече тој.

Популарно