Детално упатство за летување на островите - условите важат за сите постари од 5 години

Грција полека се движи кон целосно излегување од рестриктивните мерки, па владата од денеска ублажи и укина некои мерки кои важеа во текот на локдаунот поради пандемијата Ковид 19. Од денеска се укинува испраќањето СМС пораки, со кои граѓаните беа овцрзани да информираат каде одат, се отворат музеите, а почнува и со отворање на туризмот, пренесува Катимерини.

Граничниот премин меѓу Македонија и Грција од утрово е отворен за сообраќај, но за сега во Грција може да влезат само патници со грчки пасоши. Како што е наведено, грчката полиција се уште не добила официјално одобрение за влез на останатите патници. Исто така, грчката полиција не кажува кога ќе стигне тоа одобрение.

Можни се патувања меѓу региони, со помош на грчката верзија „зелен сертификат“, па така е одобрено и одењето на грчките острови.

За одење на островите, со исклучок на Лефкада, Евија и Саламина, задолжително е да се покаже потврда за вакцинација, 14 дена после втората доза или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, а се прифаќа и брз антиген тест кој не е постар од 24 часа. Важи и потврдата за прележан Ковид 19, која не може да биде постара од 2 до 9 месеци.

Контрола ќе вршат вработените во авиокомпаниите, бродовите, траектите, а условите мора да ги исполнуваат сите домашни и странски патници постари од 5 години. Некои мерки останаа на сила, во малопродажните места смее да има еден купувач и да има простор околу себе 25 метри квадратни, а жива музика во рестораните нема да има до крајот на месецот.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно