На само 30 години почина Николина Поповиќ

Николина Поповиќ почина на 30-годишна возраст. Николина Поповиќ од Сараево ги изгубила родителите, а потоа на 26 години и самата заболела од рак на дојка.

Откако се разболела, отворила блог и била инспирација за многумина кои имале рак. Николина храбро се справуваше со болеста, учествуваше во хуманитарни акции и им помагаше на заболените од малигни заболувања.

За жал, таа почина 4 години по дијагнозата, многу пријатели на социјалните мрежи се збогуваат со Нина која прерано не’ напушти.

– Почитувани соседи, пријатели, соученици… Ве известувам дека нашата драга Нина Николина Поповиќ почина. Погребот ќе се изврши во сабота на 18 јуни во 14 часот на гробиштата на Старчевица, каде ќе ја испратиме во вечното почивање.

– Твојот клас и твоите пријатели никогаш нема да те заборават – оди да ги прегрнеш мама и тато. Ти си нашата #супердевојка – напиша Милена Матијашевиќ на Фејсбук.

Пронајдено телото на 14 годишното момче кое се удави во Беровското Езеро

Пронајдено е телото на 14 годишното момче кое вчера се удави во Беровско Езеро.

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, која за МИА информираше дека нуркачите го извадија телото на момчето од Беровско Езеро утрово во 8:50 часот.

Телото, како што додаде портпаролката, е предадено на обдукција во судска медицина во Скопје. (МИА)

Девојка тешко повредена во сообраќајка во Струмица

На 01.07.2022 во 10.45 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо партнер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(23) од Струмица и мотоцикл „бмв“, управуван од П.Р.(26) од Струмица, информира МВР.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила П.Р., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Тетовчанка претепана од љубовникот од Скопје

Тетовчанка била нападната од својот партнер поради што завршила во болница. 

На 30.06.2022 во 16.45 часот во СВР Тетово, од Центарот за социјални работи Тетово било пријавено 43-годишна тетовчанка кај нив пријавила дека на 28.06.2022 била физички нападната од И.С. од Скопје, со кого била во љубовна врска, во неговиот дом во Скопје.

Според пријавеното, откако избегала, таа побарала лекарска помош во Клиничка болница Тетово, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Популарно