Достапна е новата верзија на апликацијата „МојДДВ“

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, информираше дека новата верзија на апликацијата „МојДДВ“ е достапна за корисниците на „Хуваеи“ и „Ајфон“, а се чека одобрување уште од „Плеј стор“, напоменувајќи дека апликацијата има нови правила и политика на приватност.

– По три години неопходни се промени во апликацијата „МојДДВ“, бидејќи имаме огромен број корисници. Ажурирањето е завршено за корисниците на „Хуваеи“ и „Ајфон“ и тие може да ја преземат новата верзија, додека од „Плеј стор“ уште немаме повратна информација кога новата верзија ќе биде ставена во оптек, рече Лукаревска во „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Апликацијата, како што додаде, има нови правила, политика на приватност, како и огромен број корисници поради што се одолговлекува процесот за проверки.

– Овие правила не зависат од нас како институција, туку од тимот што го уредува системот. Очекуваме во најскоро време тоа да биде надминато, појасни Лукаревска.

Во меѓувреме, посочи таа, како алтернатива корисниците може да ги користат баркод читачите и скенерите во сите подрачни единици на УЈП.

Според директорката на УЈП, оваа апликација помага во делот на сузбивање на сивата економија со тоа што граѓаните бараат повеќе фискални сметки на местата каде што пазарат, но истакна дека треба да се вложат повеќе други делови од општеството и сите инспекциски служби за да се избориме со сивата економија.

Од 2023 година, како што потенцираше Лукаревска, ќе се зголеми износот на лимитот од повратот од ДДВ.

– Баш одиме во чекор со соодветни економски текови. Мерката само ќе се унапредува, потенцира Лукаревска.

Во однос на ребалансот на буџетот и новите мерки, Лукаревска, која е и потпретседателка на СДСМ, напомена дека се одвојуваат многу повеќе средства за таргетираните категории на граѓани и дека истите ќе бидат навремено имплементирани.

– Со ребалансот имаме нова обврска, имаме нов износ на средства кои треба да ги прибереме. Повеќе од 20 милијарди. Повеќе средства ќе има за социјална помош, земјоделство, придонеси за плати, зголемени пензии но и повеќе средства за енергетска ефикасност. Мерките ќе бидат навремени бидејќи во моментот се следат сите капацитети. Ова не е спринт туку маратон, сите знаеме дека не чека долга есен и тешка зима, појасни Лукаревска. 

Криптоманија: Колку чини биткоинот денеска?

Биткоинот, најпопуларната криптовалута во светот, речиси три недели се движи околу психолошката граница од 100.000 долари, но никако да ја премине. Денеска изутрината 1 биткоин чини 98.350 долари, но вредноста вообичаено варира од час во час.

Повеќето криптовалути, а особено биткоинот, забележаа пораст на берзите како реакција на победата на Доналд Трамп на претседателските избори.

Пред гласањето, биткоинот чинеше околу 68.000 долари, но кога се дозна дека Трамп ќе победи, за само неколку часа вредноста се крена на над 80.000 долари, а неколку дена подоцна и над 90.000 долари. Веќе со денови се очекува моментот кога биткоинот ќе надмине 100.000 долари.

Народната банка на Република Северна Македонија нема криптовалути во курсната листа, зашто нашата тековна законска рамка не познава термин „крипто-средство“.

– Во основа, крипто-средствата се сметаат за специфичен вид нематеријално средство, засновано на одредени технологии, коешто не е издадено ниту, пак, неговата вредност е гарантирана од централна банка, не претставуваат пари и понудата на овие средства не зависи од потребите на економијата или монетарниот систем – наведува НБРСМ на својата страница на интернет.

Вредноста на биткоинот надмина 80.000 долари

Цената на криптовалутата Биткоин денеска за првпат го надмина прагот од 80.000 на платформата Bitstamp.

Најстарата и најпознатата криптовалута се искачи за над четири проценти во споредба со претходниот ден, достигнувајќи до 80.047 долари.

Во изминатите седум дена, водечката криптовалута доби повеќе од 17 проценти во вредност. Другите криптовалути како Етер или Солана се зголемија уште понагло.

Аналитичарите стабилното зголемување го припишуваат на новиот политички пејзаж во САД по победата на Доналд Трамп на претседателските избори, пренесе ДПА. Поранешниот и иден претседател на САД беше поддржан од поголемиот дел од крипто заедницата за време на изборната кампања.

Трамп беше многу негативен за Биткоинот за време на неговиот прв мандат, од 2017-2021 година, но активно се додворуваше на крипто заедницата во овогодишната кампања за реизбор.

На големата конференција за Биткоин во Нешвил, Тенеси, Трамп вети дека ќе го задржи крипто пазарот во голема мера нерегулиран и ќе обезбеди евтина електрична енергија за „копање“ нови биткоини.

Историската одлука на Вол Стрит: Првпат одобрени фондови кои инвестираат во биткоин

Американската Комисија за хартии од вредност по првпат одобри фондови со кои се тргува на берза, а кои директно инвестираат во биткоин.

Овој потег, кој беше најавен како значаен настан за секторот на дигитални средства, ќе го прошири пристапот до најголемата криптовалута на Вол Стрит и пошироко.

Тоа доведе до зголемување на вредноста на оваа валута.

Вредноста на биткоинот се зголеми веднаш по возбудата околу зголемената веројатност за одобрување на средствата, скокајќи за речиси 200 отсто од почетокот на минатата година, иако биткоинот останува околу 30 отсто под својот врв постигнат за време на бумот во 2021 година.

Цената на биткоинот е главно стабилна по објавувањето на одобрувањето на новите фондови, тргувајќи го близу највисокото ниво во последните две години од околу 46. 000 долари.

Регулаторите ги одобрија сите 11 апликации што чекаат за биткоин ETF, вклучувајќи ги BlackRock, Grayscale и Fidelity. Тие можат да започнат со тргување уште денеска.

Популарно