Кој би можел да го глуми Мајкл Џексон и како филмот ќе се осврне на многуте контроверзии околу покојната музичка икона?

Се снема биографски филм за починатиот поп-пејач Мајкл Џексон. Проектот под наслов „Мајкл“ е во продукција на студиото „Лајонсгејт“.

– Првите филмови во мојата кариера беа музички спотови и сè уште чувствувам дека комбинирањето на филмот и музиката е голем дел од мојата креативност, изјави режисерот Антоан Фукуа.

– За мене, не постои музички уметник со моќ, харизма и чист музички гениј како оние на Мајкл Џексон. Гледањето на неговите видеа ме натера да посакам да направам „едно такво“. Неговата музика и тие секвенци се дел од мојата уметничка ДНК и можност да ја кажам неговата приказна на екранот.

Според продуцентите, филмот ќе се занимава со сите гледишта од животот на Џексон, иако не е јасно како филмот ќе се осврне на многуте контроверзии околу покојната музичка икона. Филмот е снимен и во соработка со луѓе кои не се сложуваат со тоа дека малтретирал деца.

Сѐ уште не се соопштува кој би можел да го глуми Мајкл Џексон.

Падна во вода свадбата на Безос од 600 милиони долари!

Основачот на Амазон, Џеф Безос ги демантираше гласините дека ќе се ожени со Лорен Санчез на раскошна церемонија по Божиќ.

Во странските медиуми се прошири веста дека Безос наскоро се жени во Аспен и дека за венчавката ќе потроши околу 600 милиони долари (околу 576 милиони евра). Тој зборуваше за тоа.

На Икс, тој одговори на твитот во кој сподели напис за неговата наводна венчавка објавена од Њујорк Пост, кој цитираше извор на Дејли Мејл.

„Целата работа е целосно лажна – ништо од ова не се случува. Старата поговорка „не верувај се што читаш“ сега е повистинита од кога и да е. Лагите можат да го обиколат целиот свет пред да се дознае вистината. Затоа, бидете внимателни и не бидете лековерни“, напиша тој.

Уште две лица се под истрага за смртта на Лијам Пејн

На двајца вработени во хотелот „Касасур“ во Буенос Аирес, Аргентина, каде што, пред смртта, престојувал Лијам Пејн, им било кажано дека официјално се под истрага. Со тоа истрагата за неговата смрт се прошири на пет лица, пренесува аргентинскиот портал „Инфобае“ (Infobae).

Судијката Лора Брунијард донесе одлука истрагата за смртта на британскиот поп-рок пејач кој падна од третиот кат во хотелот да ја прошири со две лица, порачувајќи им да ангажираат адвокати и дека ќе треба да дадат изјави. Меѓу новоосомничените е рецепционерот Естебан Рејналдо Граси, кој се јавил на 911 кога се случила несреќата, а бил еден од тројцата мажи кои го носеле Лијам низ ходникот непосредно пред трагедијата.

Однесувањето на вработените и нивната одлука да не го остават пејачот во фоајето додека чекаат помош, покрена сомнеж. Вработените во хотелот ќе бидат сослушани следната недела, меѓу 17. и 19 декември, а наскоро се очекуваат и изјави од државните правобранители.

Инаку, три недели по смртта на поранешниот член на британскиот состав „Уан дајрекшн“ (One Direction), обвинителите ја отфрлија можноста за самоубиство како причина. Наводите говорат дека тој најверојатно бил во несвест кога паднал од балкон.

Популарно