Ce грижите за цвеќето, но тоа сепак венее? - eден детал е важен

Покрај луѓето и животните чиј биоритам го диктира времето кога треба да јадат или да спијат и растенијата имаат свој внатрешен или биолошки часовник, ова се сознанија до кои дошле во Германија.

Биолошкиот часовник формира низа биолошки ритми во одреден период, дефинирано како време кое е потребно за да се заврши еден циклус од 24 часа, што е колку време и е потребно на Земјата да ротира околу својата оска.

Растенијата прават разлика помеѓу денот и ноќта

„Растенијата знаат кога е ден и кога е ноќ врз основа на нивото на шеќер што го содржат“, вели Франк Вернер од Германското здружение за украсни растенија.

Шеќерот се произведува преку фотосинтеза, а на растенијата им е потребна сончева светлина за да се случи тој процес. Растенијата имаат и свој внатрешен биолошки часовник кој диктира кога треба да се отворат и кога да ги затворат своите ливчиња. Постоењето на биоритам е неопходно за растенијата да се подготват за ноќта кога треба да ја апсорбираат светлосната енергија, но и за остатокот од денот кога може да се одвива фотосинтезата.

Не поместувајте ги цвеќињата

Моментот на зајдисонце е време кога растенијата ги затвораат своите цвеќиња. Многу луѓе грешат кога ги преместуваат своите цвеќиња на друго место, што им го нарушува внатрешниот часовник, па последователно тие ќе растат побавно.

Затоа, Вернер предлага при одгледувањето на растенијата да не го нарушувате нивниот биоритам бидејќи само така ќе созреат на време.

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно