(Фото) Антониа Гиговска ја шокираше јавноста: „Животот е прекраток за да бидете со некого кој не мисли дека сте најдобрата жена на светот“!

Македонската пејачка Антониа Гиговска во месец јули годинава за прв пат се оствари во улогата на мајка и роди син на кој му го даде необичното име Киан.

Таа и нејзиниот партнер музичарот Роберт Спасенцовски за прв пат се остварија во улогата на родители, но освен што пејачката веднаш го сподели новороденчето со јавноста, за нивната брачна хармонија многу ниту самата зборува, ниту пак во јавноста се слуша.

Со оглед на тоа како дојде до нивната спојка, со кого претходно пејачката беше во долга врска и во кави релации беа сегашниот нејзин сопруг и нејзиното бившо момче, Иван, пејачот на „Либеро бенд“, јавноста и тоа како ја заскокотка последната објава на Антониа на нејзините Инстаграм приказни. И не само што ја заскокотка, туку пејачката буквално ја шокираше истата таа јавност откако сподели чудна мисла, која на прво читање асоцира на нешто, што веројатно нималку не е пријатно и никој не го посакува.

Имено, естрадната тазе мајка сподели еден цитат која вели: „Животот е прекраток за да бидете со некого кој не мисли дека сте најдобрата жена на светот“!

Оваа мисла на Инстаграм ја сподели младата пејачка со која најмногу ги вознемири обожавателите, зашто семејството и најблиските ако с краја нешто има, сигурно веќе би биле запознаени. Оттука веднаш тргнаа муабетите, шпекулациите и нагаѓањата од типот: „Дали крајот вака мириса? Дали брачната приказна уште непочната отиде во бестрага?

Многумина се запрашаа што сакаше да порача Антониа со цитатот што го споделила и кому му го наменила? Дали можеби на сопругот или само општо онака, како секоја жена што би сакала да изгледа во очите на својот човек со кого го дели креветот – како најдобра на светот?

Или можеби тазе породената пејачка само онака, од чиста мира, заради забава, непромислено направила „несолена“ шега со која ја распамети јавноста? Што и да е, времето бргу ќе покаже и во јавноста ќе стигне дојава, што ја натера Антониа да сподели ваква „чудна најава“?!

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ во костим за капење од 2.500 денари

Анастасија Ражнатовиќ по венчавката во Србија замина на заслужен одмор, а вистинска полемика настана околу цената на костимот за капење што го носеше.

Имено, одредени страници на Инстаграм дознале дека костимот за капење чини околу 2.500 денари.

По оваа објава, луѓето почнаа да коментираат дека очекувале таа да носи многу поскапи костими за капење.

-Жената покажа дека е без никакви комплекси. Многу ми е драго што е ваква и што е добар пример за младите како треба да се однесуваат, се само дел од коментарите на социјалните мержи.

(Видео) Младиот Мустафа кој живееше под мост ја измамил Марија Шерифовиќ: „Тој е лажго, коцкар, алкохоличар и преварант“

Во јуни минатата година повеќе медиуми пишуваа за хуманиот чин на Марија Шерифовиќ, која му помогна на Мустафа Хрустиќ од Зеница, кој спиеше под мост.

Марија Шерифовиќ застана зад него, му најде работа на градските базени, му плаќаше кирија за стан за една година, но и три оброци дневно во блискиот ресторан.

Сега се појави вест дека Мустафа бил избркан од станот, за кој Марија му ја платила киријата, а се огласила и сопственичката на станот која тврди дека Мустафа е обичен измамник.

Салиха не штеди лоши зборови, па тврди дека снимањето на Мустафа под мостот било чиста глума, со која сакал да добие сожалување и донации од луѓето. Таа го окарактеризира Хрустиќ како безделник, лажго, коцкар и алкохоличар, а кажала и дека е многу неуреден.

Да потсетиме, Марија минатата година на Мустафа му ја плати киријата за станот за следната година. Дала и пари за сметките, а менаџерот на пејачката по посетата на Марија го однел Мустафа во блискиот ресторан во родната Зеница, каде што додека тој сакал, ќе има бесплатни оброци.

– Мустафа е прекрасно момче, сигурно има илјадници вакви пример, изјави тогаш Марија.

Карлеуша на гласање облечена во боите на српското знаме

Во Србија денеска се одржуваат локални избори во 89 града и општини, меѓу кои Белград, Нови Сад, Ниш, Чачак, Ваљево, како и во повеќето општини во Војводина. Избирачките места се отвораат во 7, а се затвораат во 20 часот.

Јелена Карлеуша ја изврши својата граѓанска должност и се појави на своето избирачко место да гласа за изборната листа што ја избрала.

Пејачката на Дедиње се појави во бел фустан со комбинација на сина и црвена боја, кои го сочинуваат и српското знаме. На главата имаше голема капа и бели очила за сонце.

Популарно