Драма во авион: Пијан патник се обиде да влезе во кокпитот, тврдејќи дека знае подобро да управува од пилотот

Еден пијан патник се обиде да влезе во кокпитот на авион на компанијата „ИзиЏет“ на висина од 10.000 метри, тврдејќи дека пилотот е „некомпетентен“ и дека тој знае подобро да управува со леталото, но екипажот и патниците успеаја да го совладаат.

Авионот, кој полетал од аеродромот „Гатвик“ во Лондон кон грчкиот остров Кос, морал принудно да слета во Минхен.

Патниците и персоналот кои се бореле со него го собориле на подот, по што добиле аплауз од исплашените патници, пишува весникот „Сан“. По слетувањето во Минхен, германската полиција го уапсила, а патниците ја поминале ноќта во хотели.

Еден од патниците изјавил дека персоналот на авионот се однесувал одлично, но дека „драмата била многу вознемирувачка“.

Од компанијата рекоа дека ваквите инциденти се ретки и дека не толерираат несоодветно или заканувачко однесување.

Вака се решава проблемот со “белата чyмa”

Русија е една од државите кои преземаат сериозни мерки за позитивен наталитет.

Рускиот претседател Владимир Путин објасни зошто оваа политика е важна:

“Почитувани,

Дозволете ми да споделам неколку детаљи за нашите цели. Ќе започнам со клучната цел за зачувување на нашата нација, што значи пружење целосна поддршка на семејствата.

Русија влегува во исклучително тежок период, во смисла на демографијата, стапката на наталитетот опаѓа. Денес сакав да говорам за новиот пакет мерки кој е наменет за поддршка на семејствата. Како што знаете, веќе обезбедивме исплата на субвенции за првите две деца, додека не наполнат 18 месеци. Парите за првото дете се исплаќаат од сојузниот буџет, а семејствата може да користат капитална субвенција за породилно осигурување за второто дете”.

Путин најави дека детскиот додаток кој го добиваат старателите со деца со хендикеп двојно ќе се зголеми, а за трето дете ќе се добиваат и до 18.000 евра од државата.

(ВИДЕО) Посвоила момче кое никој не го сакал, 28 години подоцна се случи чудо

Џордан ја направил најголемата жртва за својата мајка и на крај сè поминало најдобро. Ингеборг и Џордан брзо се опоравиле од операцијата.

Постојат добри луѓе како што е Ингеборг која на едно мало бебе му пружила подобар живот. Таа им помогнала на многу момчиња и девојчиња, но никој не се истакнувал како Џордан.

Од првиот момент кога го видела, знаела дека сака да го посвои.

20 години подоцна Ингеборг добила поразувачки вести. И дијагностицирале тешка болест на бубрезите и доколку сакала да преживее и бил потребен нов бубрег.

Кога Џордан ја слушнал таа вест, знаел дека мора нешто да направи за да помогне.

Се тестирал и дознал дека одговара како донор на бубрег. Без размислување се согласил да и подари бубрег на жената која го одгледала.

Џордан ја направил најголемата жртва за својата мајка и на крај сè поминало најдобро. Ингеборг и Џордан брзо се опоравиле од операцијата.

Ингеборг направила сè за Џордан, а на крај тој го направил истото за неа.

Хемотерапијата не дејствува во 97% од случаите

Ракот се смета за втора водечка причина за смрт во светот, особено во САД. Само во 2015 година имало околу 1.657.000 случаи на заболени од рак, а се очекува наредните години од оваа болест да умрат околу половина милион луѓе само во САД! Тоа се шокирачки податоци добиени од Националниот институт за здравство.

И додека речиси сите третмани на лечење се состојат исклучиво од хемотерапија и операции, ретки се оние лекари кои не потклекнуваат под влијанието на парите и на луѓето им ја кажуваат вистината за овој третман. Еден од нив е доктор Петар Гиден, кој резултатите од своето истражување го објавил во списанието Journal of Clinical Oncology. Ова истражување минало незабележано иако во него е кажано сè!

Истражувањето е објавено во ова медицинско списание, но пошироката јавност не ги знае сите факти за хемотерапиите и лековите кои заболените мораат да ги купуваат од фармацевтските компании. Во овој случај нема некаков заговор. Факт е дека лекарите заработуваат на хемотерапијата!

„Хемотерапијата е неефикасна во 97% од случаите. Кога ‘Форд’ би произведувал мотори кои би експлодирале во 97% од случаите, мислите дека  сè уште би останал на пазарот? Се разбира дека не“, вели Гиден, кој дополнува дека ист е случајот со терапијата која убива луѓе.

Австралиската студија која се занимава со проценката на ефикасноста на цитоксична хемотерапија, во своето истражување за стапката на преживување  во период од пет години по земањето на терапијата кај возрасните луѓе кои се заболени од малигни болести открива дека вкупното влијание на цитоксичната хемотерапија во Австралија достигнало само 2,3%, додека во САД, само 2,1%. Така што јасно е дека придонесот на хемотерапијата во лечењето  рот е минорен.

Гиден наведува дека ова е само еден пример за таканаречениот здравствен систем, на кој му е поважен профитот, а не здравјето на луѓето.

„Ова е врвот на контролата што  фармацевтската индустрија ја има над сите нас“, порачува Гиден.

Вториот лекар кој дели слична перспектива е доктор Леонард Колдвел. За него хемотерапијата е отров на медицинскиот систем. Тие го бомбардираат целиот човеков организам и тогаш ви кажуваат дека ракот е во фаза на ремисија.

Тој напоменува дека статистиката на стапката на лечење рак се однесува на преживувањето во рамки од пет години од примањето на терапијата.

„Хемотерапијата ги уништува сите биохемиски и биоелектрични функции во телото“, вели Колдвел. „Со оглед на тоа што во вашето тело ништо не функционира, вие повеќе немате ни рак, а мислите дека сте излечени. Но,  како што телото ќе  заздравува, ракот ќе се враќа и вие сте мртви“, напоменува Колдвел.

Тоа е напад со смртоносно оружје, изјавил и додал дека кога ќе  озрачите некого, тоа ќе предизвика лузни, а лузните никогаш повеќе нема да станат здраво ткиво.

„Проблемот е начинот на кој лекарите се обучуваат. Лекарите никогаш не учат како да ги лечат луѓето“, вели Колдвел. „Тие само учат како со хемиски средства или операции да ги сузбијат симптомите. Тие никогаш не се занимаваат со причината“.

Колдвел исто така напоменува дека меѓу пациентите има сè поголема стапка на самоубиства, но и сè поголема стапка на склоност кон алкохол и дроги. Лекарите одвреме-навреме сфаќаат дека нема никаква алатка со која може да им помогнат на пациентите и дека тие всушност ги убиваат своите пациенти“, вели Колдвел.

„Кога ќе се запишете прва година на медицински факултет, навистина сте возбудени, давате сè од себ, сè додека не сфатите деа тоа што ќе му го направите на пациентот всушност ја загрозува неговата состојба. Се случува и тој самиот да се излекува“, додава Колдвел, кој е убеден дека сè  поголем број  болести можат да се излечат доколку пациентите се откажат од хемотерапијата и побараат алтернативно решение, како што е спречувањето на киселоста на организмот!“

Популарно