ЗКЛМ: Flightradar24 не е релевантна алатка, контролорите неосновано се осудени

Здружението на контролори на летање на Македонија (ЗКЛМ) денеска се огласи во врска со безбедносниот настан на небото над Скопје од 7 септември,  порачувајќи дека застанува во одбрана на колективниот углед и професионализам на контролорите, кои, како што нагласува, се мета на неосновани осуди. Прогласувањето на овој настан за „сериозен инцидент", порачува Здружението, без притоа да се проверат фактите не оди во насока на правично и вистинито расветлување на случајот.

Според ЗКЛМ, навремено е поднесена пријава за безбедносен настан од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор и е процесирана од релевантните одделенија, служби и институции, кои понатаму постапуваат по пријавениот настан, согласно постоечки правни процедури и никогаш не станувало случај за заташкување на настани.  Напоменува и „дека Flightradar24 не е релевантна алатка за давање на точна позиција во реално време и како таква не треба да се користи за извлекување на заклучоци“.

ЗКЛМ во соопштение наведува дека воздухопловниот транспорт е комплексен систем сочинет од луѓе, процедури и технологии, кои меѓусебно соработуваат и дејствуваат со цел создавање на најбезбеден начин на патување.

Појавата на безбедносни настани во воздухопловството, укажува Здружението, е секогаш последица на сложена интеракција на поголем број на фактори, кои делуваат на начин кој го преоптоварува безбедносниот систем и резултира со непосакуван исход. Поради критичната важност на безбедноста во работата, контролор на летање е професија со високо ниво на одговорност. Македонските контролори на летање се соодветно обучени професионалци, кои со највисоко ниво на квалитет опслужуваат рекорден број на летови, честопати во тешки временски услови, кои оперираат под нивна надлежност за безбедно и редовно да стигнат до нивните дестинации. ЗКЛМ застанува во одбрана на колективниот углед и професионализам на контролорите, кои се мета на неосновани осуди, стои во соопштението. 

Воспоставувањето на култура на праведност во воздухопловството, се дополнува во соопштеието, резултираше со висок стандард за безбедност, со што воздухопловните незгоди и инциденти станаа исклучително ретки, но сепак не се целосно непостоечки и се случуваат кај нас, како и во Европа и светот. Прифаќањето на системски пристап при истражувањето, наместо индивидуално обвинување е клучно за зајакнувањето на безбедноста во воздухопловството.

 -За настанот од 7-ми септември, навремено е поднесена пријава за безбедносен настан од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор и истата е процесирана од релевантните одделенија, служби и институции, кои понатаму постапуваат по пријавениот настан, согласно постоечки правни процедури. Никогаш не станувало случај за заташкување на настани. Прогласувањето на овој настан за „сериозен инцидент", без притоа да се проверат фактите не оди во насока на правично и вистинито расветлување на случајот. Напоменуваме дека Flightradar24 не е релевантна алатка за давање на точна позиција во реално време и како таква не треба да се користи за извлекување на заклучоци, наведива ЗКЛМ. 

Ги повикува медиумите кои известуваат за овој настан, како што наведуваат, да го одржуваат нивото на новинарски интегритет и објективно известување, да го почитуваат текот на истрагата според пропишаните норми и пракси во воздухопловството пред да објавуваат за вакви чувствителни теми, како и воздржување од давање на паушални коментари сѐ до добивање на официјални и финални резултати. Дополнително, апелираат да се избегнува ширење шпекулации и коментари во врска со настанот на социјалните медиуми, кои можат да бидат погрешно интерпретирани. 

По медиумските објави дека на небото над Скопје на 7. месецов е избегнат судир на два цивилни авиона, Агенцијата за цивилно воздухопловство за МИА потврди дека Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријавил настанот и посочија дека Агенцијата ќе постапи по него. 

И Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) најави дека ќе отвори истрага. Од понеденик во М-НАВ, како што најавија,  во М-НАВ ќе ги направат потребните разговори, ќе ги преслушаат снимките од разговорите на контролорите со пилотите на авионите и ќе ги погледаат снимките. - Ние не утврдуваме вина, туку причина која довела до ваков инцидент. Исто така, ќе побараме изјави од пилотите на двата авиона преку нивните воздухопловни власти, па ќе ја информираме јавноста. Се друго во моментот ќе биде шпекулација, изјави претседателот на КИНСИВ Зоран Илиевски.

Како што соопшти Давателот на навигациски услуги М-НАВ, во пропишаниот рок поднесена е пријава за безбедосниот настан и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините.

Од М-НАВ потенцираа дека таквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија.

- На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедосен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор.  Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури, наведе М-НАВ во соопштение.

Порталот СДК.мк, повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, објави дека авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.

За 500 евра ќе ти ја уништам свадбата но зафатен сум до ноември

Средовечен Шпанец по име Ернесто тврди дека смислил генијален начин да заработи пари.

Тој објави видео на TikTok кое предизвика големо внимание кај корисниците, во кое детално ја објаснува својата идеја.

Ернесто тврди дека за 500 евра е подготвен да се претстави како „љубовник на невестата или младоженецот“ и на тој начин да ја откаже венчавката, односно да спречи „несакан брак“.

Тој стана тема број еден во неговиот град и вели дека на луѓето кои ја очекуваат свадбата им зборува како „најлошиот кошмар“ наместо како најсреќниот ден во нивниот живот.

За основна такса од 500 евра ќе се претстават како „љубовта на животот на невестата или младоженецот“, молејќи ги да ја прекинат свадбата и да побегнат со него.

„Ако се сомневате во бракот или партнерот, не сакате да се омажите, а не знаете да кажете не, не грижете се. Ќе ви ја откажам венчавката“, вели Ернесто.

Тој додава дека му треба времето, местото и датумот кога ќе се договара венчавката, а за останатото ќе се погрижи сам, пренесува Oddity Central.

Ернесто целата приказна ја започнал на шега, но наводно бил преплавен со барања од заинтересирани. Тој тврди дека наплатува 500 евра, во кои не се вклучени патните трошоци и доплатите за „неочекувани инциденти“.

На пример, ако некој му удри шлаканица, ќе бара повеќе пари. Секоја шлаканица чини 50 евра.

„Се обидувам да се сокријам, но свесен сум дека кога ме удираат, добивам повеќе плата. Значи, ако можам да одам побавно, одам побавно. Така заработувам“, објасни тој.

Човекот тврди дека бизнисот му цвета и дека е „распродаден до 2 ноември“.

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Република Грција Софија Филипиду.

Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, на средбата беше разговарано за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, потенцијалите и можностите за унапредување на соработката, во функција на градење на добрососедство засновано на меѓусебна доверба и разбирање. Во таа насока, претседателката изразила очекување за поддршка од Грција на политиката за проширување и на нашите европски аспирации.

На средбата со грчката амбасадорка биле разменети мислења и за Преспанскиот договор и неговата имплементација, при што претседателката ја нотирала важноста од негова доследна примена од сите страни кои се обврзале на него.

- Претседателката Сиљановска Давкова на средбата ги реафирмираше заложбите за натамошно унапредување на партнерството и искреното пријателство со Грција. Таа ја нагласи добрата соработка во областа на одбраната, потенцирајќи ја важноста и од јакнење на економската соработка, трговската размена, инфраструктурното поврзување, како и соработката во областа на образованието, културата и туризмот, како предизвици на кои треба заеднички да се фокусираме во интерес на благосостојбата и зближувањето на народите на двете земји, се вели во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Функционерските таблички во различна боја

Владата на денешната седница одлучи да почне постапка за промена на два закони - за сите службени возила да имаат регистерски таблички во боја различна од обичната. Со овие измени ќе се воспостави регистар за сите државни патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистрации во посебна боја за да може да бидат забележани од граѓаните.

- На овој начин, веруваме дека ќе биде оневозможено нивното користење за приватни цели, со што дополнително ќе се зајакне транспарентноста и отчетноста на институциите на државата, напиша на Фејсбук директорот на служба за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Во минатото имаше бројни злоупотреби на службени возила за приватни, но и партиски цели.

Популарно