Голема полициска акција во струмичко

Под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, во тек е голема полициска акција во струмичко гевгелискиот регион.

Со детали МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на утрешниот ден.

По смртта на детето: Се огласи стручниот колегиум од „Козле“

Стручниот колегиум искрено жали и изразува сочувствуво до семејството за загубата на нивното дете.

-Стручниот колегиум при ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле, одговорно тврди дека сите лекари кои биле инволвирани во лекувањето на детето ги превземале и реализирале сите расположливи и потребни прегледи и иследувања, дадена е соодветна терапија според медицинските протоколи, не е утврден пропуст во постапувањето и лекувањето на детето, во согласност со целокупната медицинска документација како доказ во клиниката, се наведува во нивното соопштение.

Детската Клиника-Козле како и целата јавност го очекува мислењето на етичката комисија на Лекарската комора на Македонија и потоа ќе превземе понатамошни соодветни чекори.

АХВ во вонредни контроли: Затворени се 13 игротеки, 32 заработија казни

Вонредни контроли од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство откриле дека од 92 игротеки каде спровеле контрола, кај 24 биле констатирани недостатоци.

АХВ информира дека 16 од нив не се регистрирани како оператор со храна, додека други 8 не ги исполниле хигиенските услови, односно не ги спроведувале процедурите за добра хигиенска пракса.

-Агенцијата за храна и ветеринарство на почетокот на месецов изврши увид во игротеките. Со проверките беа опфатени 92, од кои 16 не се регистрирани во АУВ како оператор со храна. Во 8 од нив инспекторите утврдиле дека не ги исполнуваат хигиенските услови, односно не ги спроведуваат процедурите за добра хигиенска пракса. Во 16 игралишта е констатирано дека вработените не вршеле здравствени контроли, како и констатирани отстапувања во однос на безбедноста на храната, при што се запленети и безопасно уништени 11,5 килограми млеко. За откриените нерегуларности издадени се 19 решенија и наредени се мерки за нивно отстранување, 13 центри се привремено затворени и кај 32 изречени се парични казни, информираат од агенцијата.

Популарно