Јанев за британски BBC: Македонската полиција ќе продолжи да презема заеднички координирани акции

Првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев на последниот работен ден од четиридневното Генерално собрание на Интерпол што се одржуваше во шкотскиот град Глазгов (Англија) даде интервју за реномираната британска тв куќа BBC а посветено, меѓу другото, и на успешно спроведената меѓународна операција на Интерпол – LIBERTERRA II, во која што на различни нивоа учествуваа стотина држави членки на Интерпол, а фокусирана на борбата и спрчувањето на организираната трговија со луѓе и криумчарење мигранти.

Во интервјуто особено беше истакната улогата на македонската полиција во операцијата, пред се преку воспоставувањето на Европскиот оперативен штаб во МВР во рамки на самата операција, а стана збор и за преземените мерки и активности на национално ниво кои резултираа со успешни реализации на случаи на трговија со луѓе и криумчарење мигранти.

Инаку операцијата LIBERTERRA II привлече огромен интерес во медиумите ширум светот, особено заради сложениот оперативен менаџмент и активностите превземени од полициите на државите учеснички во операцијата, меѓу кои важно место имаше и нашата полиција.

Директорот Јанев нагласи дека македонската полиција ќе продолжи да презема заеднички координирани акции, во борбата против криминалот, сузбивањето на организираните криминални групи, лишување од слобода на сторителите, како и спасување и заштита на жртвите од овие криминални активности.

Всушност не само преку оваа и сличните вакви заеднички меѓународни акции, туку и со самиот факт нагласен во текот на Генералното собрание на Интерпол како признание за македонската полиција за успешната партиципација во операцијата LIBERTERRA II, се потврдува константата заложба на МВР да работи и да допринесе за безбедноста и стабилноста во регионални и глобални рамки, при што нашата полиција навистина се позиционира на меѓународната мапа како сигурен, доверлив, односно кредибилен партнер во заедничките меѓународни напори за сузбивање на сите безбедносни закани.

Проверете си ги сметките, почна исплатата од „Мој ДДВ“

Започна исплатата на Мој ДДВ за третото тромесечје од годинава. 

Висината на средствата кои ќе им „легнат“ на сметка на граѓаните зависи од тоа колку сметки успеале да соберат и скенираат, а максималниот износ е 2.100 денари.

До крајот на неделата се очекува кај сите граѓани кои скенираат, парите на сметките да легнат.

Сиљановска-Давкова отповика седум амбасадори

Седум амбасадори се отповикани од функцијата со укази на претседателката Гордана Сиљановска - Давкова, кои се објавени вчера во Службен весник.

Како што може да се види од објавените укази, станува збор за повлекување на амбасадорите на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески, на Данчо Марковски од Албанија, на Фатон Бејта од Данска, на Сали Лимани од Казахстан и од Катар на амбасадорот Шабан Јашари. 

Отповикувани се и амбасадорката Теута Агаи Демјаха, која е шефица на Постојната мисија на Северна Македонија во ОН во Женева и амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова.

Согласно указите, мандатот на Талески во Постојаната делегација на Република Северна Македонија при НАТО, со седиште во Брисел престанува заклучно со 14 јануари, 2025 година, а на останатите амбасадори заклучно со 30 ноември, годинава. 

Указите стапуваат во сила со нивното објавување во Службен весник, а ќе ги изврши министерот за надворешни работи и надворешна трговија. 

Стоилковиќ: Во касата фалат 40.000 евра, јас пријавив - понатаму не е моја работа

Заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ вечерва изјави дека никогаш не бил направен попис во министерството со кое сега тој раководи. Како што рече, во касата на Министерството (претходно Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците) од каде се земале пари за да се патува во странство, не бил направен попис и недостасувале 40.000 евра.

- Сите проблеми што се детектирани се документирани и предадени на Финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи и на Јавното обвинителство. Понатаму не е моја работа, одговори тој на прашање во емисијата „Само вистина“ на телевизија „Канал 5“.

Тој рече дека за 100 дена го „скоцкал Министерството“ и сега сите вработени „доаѓаат на работа, за разлика од претходно, каде што никој не доаѓаше на работа“.

Стоилковиќ рече дека задача на Обвинителството е да го гони криминалот, а негова, сѐ што нашол да приложи со докази.

Со поранешното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците раководеше Артан Груби од ДУИ, кој истовремено беше и прв вицепремиер во Владата

Популарно