При крај е реконструкцијата на базенот во Аеродром, а истиот ќе биде отворен во Сабота. Реконструинрани се коритото на базенот, тоалетите, изграден е нов угостителски објект, креирани ареи за различни таргет групи, летни школи за пливање, ватерполо тренинзи, аквабик, необични спортови во вода и постојана анимација за посетителите, се само дел од содржините кои ќе ги понуди новиот концесионер на отворениот базен во Општина Аеродром.
Покрај пливачките летни школи, трето доба посетители, аквабик групи, натпревари во одбојка и тимски игри, менаџментот на базенот од оваа година реши да стави голем акцент на организација на работењето со граѓанскиот сектор. За таа цел се воведени повеќе капацитети за опуштање на посетителите, поставени се повеќе ареи за седење и одмор, како и креирање на детско игралиште за најмалите.
Отворената сезона на базенот планирано е да трае до крајот на месец септември. Базенот ќе работи секој ден, со работно време од 08:00 до 01:00 часот. Целата програма на работење наскоро ќе можете да ја погледнете на сајтот на базенот.