Вардар на врвот на Балканот!

Vardar
Металург 22-27 Вардар

Скоспките ракометни великани  Вардар и Металург денеска испишаа историја. За прв пат два тима од ист град одиграа меч во ракометната Лига на шампиони. Како победник во историскиот дуел ќе биде запишан македонскиот шампион Вардар.

Вардарците денсека беа подобри од Металург. Го надиграа својот ривал од Автокоманда и заслужено извојуваа победа, за ист број на бодови во групата во Лигата на шампиони, 6. Пред нив е сам Барселона со 9 бода. Најзаслужни за победата на црвеноцрните беа Дибиров со 9 и Караџиќ со 7 погодоци, но и одличниот голман Милиќ со 13 одбрани.

Кај Металург единствен ој беше на висината на задачата беше рускиот бек Атман 7, но потфрлија голманите, посебно Станиќ. Сините не постигнаа ниту еден гол од пикерската позиција, каде 58 минути играше Димовски, а само 2 Пешевски.

На крајот и за атмосферата. Како што и се очекуваше Борис Трајковски исполнета до последното место. Во 90% од мечот публиката беше на ниво на натпреварот, освен во првото полувреме при резултат 5-2 за Вардар кога полицијта мораше да реагира во делот каде беа Комитите.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно