Драматичен финиш и бод вреден победа!

cool-body-paint-27-
Македонија 24-24 Чешка

Македонската ракометна репрезентација одигра драматичен натпревар со нерешен изход со репрезентацијата на Чешка, во вториот дуел на европското првентсво во Данска. Бод вреден победа, кој најверојатно ќе не однесе во втората фаза на првенството.

По сите малери кои ја следеа нашата репрезентација и поразот пред два дена од Данска, Македонија денеска одигра драматичен натпревар со многу пресврти и променлива игра. фантастичен меч на капитенот Кире Лазаров кој постигна половина од головите, односно 12. Миркуловски ја подигна формата од првиот меч, па денеска иако постигна само 2 гола, изнуди многу пенали и склучувања во тимот на Чешка.

Повтоно потфрлија крилата, а херојот од првиот меч Борко Ристоски денска се изгуби и имаше само 6 одбрани. Чешка, иако имаше многу технички грешки на голот го имаше фантастичниот Стокхл кој одбрано речиси 50% од ударите на нашите репрезентативци.

Овој бод ни ги отвара вратите за следниот круг, бидејќи Чешка во првиот дуел изгуби од Австрија со 10 голови разлика. Па дури и со пораз во последното коло со австријците можеме да одиме понатаму, доколку не загубиме со огромна разлика.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно