Вечерва во Лигата на Шампионите, Кралевите по реванш

Дербито и во 4. коло одново се игра меѓу составите на Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, а по победата на минатата средба за шампионот на Германија од 2:1 ова ќе биде меч на кој првакот на Шпанија ќе се обиде да се реваншира.

Мурињо очекува поголема ангажираност и професионален пристап на своите играчи, напоменувајќи дека Борусија е силен противник.

"Играта која ја прикажавме против Сарагоса денеска не смееме никако да ја повториме. Едноставно мораме да бидеме на далеку повисоко ниво. Ние победивме со 4:0 на тој меч, но денеска нема да имаме таков противник на теренот. Борусија е далеку посериозен ривал од кој загубивме на првиот меч. Затоа мораме далеку посериозно да му пристапиме на овој меч и да се обидеме да дојдеме до три бода. Само победа е наша опција за овој меч. Очекувам момците да одиграат далеку подобро од саботата и верувам во нив", изјави Мурињо.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4. КОЛО

ГРУПА "А"

ПСЖ - ДИНАМО З. 20:45ч

ДИНАМО К. - ПОРТО 20:45ч

ТАБЕЛА

1. Порто 3 3 0 0 6:2 9

2. ПСЖ 3 2 0 1 6:2 6

3. Динамо К. 3 1 0 2 5:7 3

4. Динамо З. 3 0 0 3 0:6 0

ГРУПА "Б"

ШАЛКЕ 04 - АРСЕНАЛ 20:45ч

ОЛИМПИЈАКОС - МОНПЕЉЕ 20:45ч

ТАБЕЛА

1. Шалке 04 3 2 1 0 6:3 7

2. Арсенал 3 2 0 1 5:4 6

3. Олимпијакос 3 1 0 2 4:6 3

4. Монпеље 3 0 1 2 4:6 0

ГРУПА "Ц"

АНДЕРЛЕХТ - ЗЕНИТ 20:45ч

МИЛАН - МАЛАГА 20:45ч

ТАБЕЛА

1. Малага 3 3 0 0 7:0 9

2. Милан 3 1 1 1 3:3 4

3. Зенит 3 1 0 2 3:6 3

4. Андерлехт 3 0 1 2 0:4 1

ГРУПА "Д"

МАНЧЕСТЕР С. - АЈАКС 20:45ч

РЕАЛ МАДРИД - БОРУСИЈА Д.  20:45ч

ТАБЕЛА

1. Борусија Д. 3 2 1 0 4:2 7

2. Реал Мадрид 3 2 0 1 8:5 6

3. Ајакс 3 1 0 2 4:6 3

4. Манчестер С. 3 0 1 2 4:7 1

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно