БиХ во страв: Под вода пливаат бомби

Поплавите во БиХ не се опасност само за луѓето, патиштата и куќите, туки ги отворија минските полиња останати од војната , јавува АП.

18052014185636_doboj

Од милион нагазни мини поставени во Босна во текот на војната 1992 до 1995 година не се отстранети уште 120 000 , на 9.146 обележани мински полиња.

Понеделник започнува голема потрага по мините кои се појавиле на места каде порао ги немало. Босанците стравуваат дека реката Сава , а потоа и Дунав можеби ги однеле и во Хрватска и Србија, па дури и до Бугарија.

Ода од што стравуваат стручњаците е мините да не се заглават во турбините на хидроцентралите.

Босна е обврзана до 2019 да ги исчисти сите мински полиња кои зафаќаат 2,4 проценти од територијата на земјата и се опасност за околу милион жители.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно