Полицијата трага по 76-годишен кавадарчанец кој е пријавен за исчезнат

Портпаролка на СВР Велес Биљана Ѓаковска денеска извести дека во кавадаречко било пријавено исчезнување на 76-годишно лице, по кое се уште се трага.

- Вчера во 10.30 часот, во ОВР Кавадарци, К.С.(74) од Кавадарци пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг С.С.(76), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Дознаваме дека лицето го бараат полицајци, блиски роднини и други луѓе, пожарникари, планинари и велосипедисти. 

Дневен хороскоп

Овен

Подготвени сте на некаков компромис и веројатно ќе имате можност искрено да разговарате со оние со кои сакате да продолжите да соработувате за вашите услови за работа. Не треба премногу да навлегувате во озборувања и сè што можете да слушнете за себе и на сметка на саканата личност. Имате можност да разговарате со некој за тоа што ви е најважно во моментов,

Бик

Премногу се занимавате со теми кои се прилично здодевни или невозможни за справување. Имате многу да разговарате со луѓе во знакот на Лав или Девица. Личност од блиското опкружување се обидува да ви помогне да ја решите дилемата. Сакате да се сретнете со некој за да разговарате за нешто што останало нерешено во минатото.

Близнаци

Верувате дека ќе успеете да најдете соодветна работа. Треба да се грижите многу повеќе за организирање на вашиот живот за да имате време за излегување наместо да трошите многу време размислувајќи за идните деловни планови. Сакана личност мисли дека семејството премногу ви се меша во деловните одлуки и дека тие имаат големо влијание врз вас.

Рак

Останувате верни на себе и се трудите да го организирате вашиот бизнис за да имате време за професионална обука. Не треба премногу да се грижите за вашите неуспеси, туку размислете за идните работни места. Член од семејството ви дава совет како да се справите со проблем кој трае извесно време, а партнерот не ви помага.

Лав

Не земајте здраво за готово она што ви го кажува личноста во која немате доверба, особено ако по секоја цена се труди да биде во добри односи со вас и честопати озборува личност на која многу ѝ верувате. Не ги покажувате отворено своите емоции бидејќи не сте сигурни дали другата страна ги има истите чувства кон вас.

Девица

Ќе добивате вести за пари или ќе најдете начин да ги зголемите приходите. Во тоа ви помага личност на која имате доверба. Немојте да бидете премногу нервозни ако работите не одат како што сакате. Треба да се распрашате за можна работа во странство. Верувате дека саканата личност ќе одговори на вашиот повик и ќе ги задоволи вашите потреби.

Вага

Ќе бидете подготвени ладнокрвно да зборувате за сè, особено кога станува збор за личност која е исклучително амбициозна и сака да започне нова работа со вас. Ако ви се допаѓа личноста што ја гледате на работа, веројатно ќе имате можност искрено да разговарате за сè што ве интересира. Немојте да бидете премногу зафатени со нешто што го слушате за себе.

Скорпија

Може да направите поголеми трошоци и веројатно ќе се распрашате за некои од заемите што ви се потребни за да менаџирате. Некој е подготвен да ви даде корисен совет или можеби да ви позајми пари. Ќе се обидете да се прилагодите на некои нови услови во врската, особено ако вашата сакана личност треба да оди на пат или ќе мора да посвети повеќе време на кариерата.

Стрелец

Некој навистина се грижи да ви остави позитивен впечаток. Имате многу начини легално да регулирате нешто што долго време ви претставува сериозен проблем. Не го искористувајте максимумот од вашето искуство затоа што не сте научиле ништо од вашите разочарувања досега. Склони сте да правите грешки, особено кога станува збор за емотивниот живот.

Јарец

Решени сте да бидете упорни во работата и да се посветите на она што е еден вид опсесија. Имате добри идеи, но ви треба многу повеќе време од планираното за лесно да ги реализирате, особено ако се поврзани со уметност. Ќе добиете понуда од некој кој работи во државна институција или често патува во странство.

Водолија

Некој навистина се грижи за обнова на соработката со вас. Се обидувате да се вклопите во нови позиции, но нема да ви биде лесно доколку инсистирате на своите ставови. Се обидувате да фасцинирате некој кој ви се допаѓа долго време и со кој можете да воспоставите добра комуникација.

Риби

Треба да бидете многу повнимателни кога се работи за работа која бара прецизност, бидејќи во брзање можете да згрешите и да кажете нешто што не е во ваша корист. Имате многу идеи и желби и веројатно ќе успеете да се занимавате со работа која бара повеќе посветеност од порано. Не размислувајте премногу за нешто што ви е исклучително важно, само имајте трпение.

Нови случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Според извештајот, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 20, а пријавени се заболени и во Битола – три, Куманово – две лица и по еден случај во Тетово и Демир Хисар.

Возраста на заболените се движи од еден месец до 54 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 15 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 11 се комплетно вакцинирани и еден случај е вакциниран согласно возраст“, пишува во извештајот.

Заклучно со 25 април, во државава се регистрирани вкупно 516 случаи на голема кашлица, со инциденца од 28,1/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – 2019-2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Најголем број лица живеат во Скопје – 412 или 79,8 отсто, со зафаќање на седумнаесет различни општини. Во рамките на епидемијата во Куманово, пријавени се 29 заболени лица или 5,6 проценти, а случаи се пријавени и во други 16 градови низ државата.

254 лица се од машки, а 262 од женски пол.

„Епидемиската крива укажува дека појавувањето на нови случаи на голема кашлица започнува во првата недела од 2024 година. Согласно податоците од евиденцијата на пријавувањето – за седмодневен период од понеделник-недела, се забележува континуиран пораст на бројот случаи на неделно ниво, до 12-та недела. Од 12-та недела, со мали варијации, бројот на пријавени случаи се намалува“, се додава во извештајот на ИЈЗ.

Од заболените, хоспитализирани се 73 лица. Од нив, 59 на возраст до четири години. Најголем број од случаите – 51 или 69,9 проценти, се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број хоспитализирани лица, 67 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по девет дена, покажуваат податоците на Институтот.

Од 18 јануари до 25 април годинава, дадени се вкупно 42.857 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.

Популарно