Повеќе од 20 луѓе се повредени при железничка несреќа во Србија, кога товарен воз удрил во автобус кај селото Брасина во општината Мали Зворник, блиску до границата со Босна и Херцеговина.
До несреќата дошло денеска околу 12 часот кога товарниот воз кој се обраќал на линијата Љубовија – Белград поминувал на железничкиот премин кај местото Батар.
Возот удрил во задниот дел од автобусот кој идел од правец на Босна накај Мали Зворник, а според првичните информации повредени се најмалку 20 луѓе, меѓу кои некои биле потешко повредени.