Овие два хороскопски знака ги очекува финансиски прелив

ОВЕН

Поставете ги вашите нови задачи без да се грижите за тешкотиите поради нахалноста на вашите конкуренти, кои сакаат по секоја цена да ги дознаат вашите планови. Игнорирајте ги и не им давајте објаснувања. Определете ги вистинските граници на вашите можности, не си поставувајте глобални деловни задачи, за да не доживеете неуспех без да го сфатите тоа.

БИК

Добро е невработените, без разлика колку време се на принуден одмор, да бараат работа и во никој случај да не ја одбиваат добиената понуда. Во спротивно, ќе се лутат самите на себеси за проблемите што се појавуваат. Ќе добиете поддршка од влијателни луѓе. Успехот е можен ако се занимавате со трговија, како и со производствена активност.

БЛИЗНАЦИ

Имате можност да направите успешни претставување, но нема да ви се допаднат промените со кои секогаш не се согласувате, иако се во ваша полза. Не се расправајте, бидејќи одлуката за нив ја донеле вашите претпоставени. Не е препорачливо да патувате. Размислете каков бизнис да започнете ако сте невработени. За оние од вас кои работат со ниски плати, да спроведат успешни разговори зе нивно зголемување.

РАК

Стабилизирајте ги заземените позиции. Ќе мора да прифатите промена во вашите планови која е надвор од ваша контрола. Внимавајте на работното место за да избегнете непоправливи грешки. Ќе бидете лути што не сте во можност да ги изразите своите способности. Меѓутоа, ако сте претпазливи и предвидливи, успехот ќе ве следи.

ЛАВ

Во текот на денот бидете внимателни со познанства, состаноци и разговори – деловни и лични. За време на патување ќе запознаете луѓе, но познанствата нема да бидат успешни, ниту како пријателство, ниту како нова можност за иден развој за деловна соработка. Подобро да не се доверувате. Бидете внимателни и не зборувајте премногу за да избегнете разочарувања.

ДЕВИЦА

Денот е многу добар и успешен за сите кои се зафатени со креативна професија. Стабилизирајте го она што сте го постигнале на работното место и внесете ред во деловните односи, но без да покажувате агресија. Не треба да се обидувате да тргнете во нова насока само затоа што некој ве налутил, а не е време за драстични промени во вашиот живот. Бидете одговорни за вашите должности.

ВАГА

Добро размислете за вашите задачи пред да започнете со работа. Размислете дали имате желба и можност да создадете сопствен бизнис. Деловните состаноци се успешни. Разговорите со деловните партнери се корисни за вашите идни професионални планови и за вашата финансиска стабилизација. Вечерта променете ја околината и создадете пријатни емоции.

ШКОРПИЈА

Упорноста е вашиот најдобар помошник, но понекогаш ве напушта поради вашата тврдоглавост и неподготвеност да се закопате во рутината на секојдневието. Искористете го овој ваш квалитет. Имате завидна енергија и активни сте на работното место. Ќе достигнете уште еден врв на сечие изненадување. Ако одлучите да преземете нова задача, веднаш почнете да ја спроведувате.

СТРЕЛЕЦ

Ви претстои познанство кое суштински ќе ви го промени животот. Ќе мора да донесете важни одлуки поврзани со вашиот личен и професионален пат, за да не жалите и за пропуштените придобивки и за направените грешки кои ве повредиле. Совладете ја емоцијата. Расеаноста и песимизмот ве спречуваат од вистинска проценка на ситуацијата на работа. Контролирајте ја вашата емоција.

ЈАРЕЦ

Неочекуван разговор ќе има сериозно влијание врз вашата работа и долгорочните планови. Бидете внимателни ако сте вработени во јавниот сектор. Доколку сте решиле да инвестирате, разгледајте ги сите можни ризици пред да ги потпишете договорите. Размислете за вашите идеи пред да започнете да ги спроведувате вашите нови планови за поддршка.

ВОДОЛИЈА

Деловните состаноци можат да ви донесат успех доколку не претерате со претензиите и не се обидувате насилно да им го наметнете своето мислење на колегите. Колку и да сакате, нема шанси да бидете во предност на овој ден. И покрај опасноста од неуспешни разговори, должни сте да се занимавате со вашите итни задачи и да им помагате на колегите во деловните обврски.

РИБИ

Комуникацијата ја остварувате лесно. Имате можност да реализирате одложени, но посакувани деловни состаноци, кои долго време не можете да ги договорите, поради вработување на лицата за кои сте заинтересирани. Разговорите се успешни и секако ќе доведат до потпишување договори како и финансиска стабилизација.

Победникот на Евровизија се изјаснува како небинарна особа: Дознајте што е тоа

Швајцарија победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија. Него го претставуваше Немо кој ја изведе песната „The Code“. Тој се идентификува како небинарен.

„Луѓето почнуваат да разбираат се повеќе и повеќе, а тоа разбирање ми значи целиот свет. Самата можност да ја претставувам оваа заедница на Евровизија е неверојатна и многу ми е драго што не сум единствената оваа година. Уште подобро е затоа што изгледа како да е потребно“, изјави Немо и додаде:

Знаејќи дека им се допаѓа песната за пронаоѓање на себе и небинарноста и дека ги трогна… Навистина е прекрасно“, признал Немо.

Покрај швајцарското знаме, Немо покажа и знаме со жолти, бели, виолетови и црни хоризонтални ленти. Тоа е небинарното знаме на гордоста.

Небинарните луѓе го доживуваат својот пол и како машко и како женско, додека други го доживуваат својот пол ниту како маж, ниту како жена. Небинарното, исто така, може да се користи како кровен термин, опфаќајќи многу родови идентитети кои не се вклопуваат во бинарното машко-женско.

Небинарните луѓе бараат да им се обратат со оние, тие, нивен.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, денеска ќе се чувствувате анксиозно на работното место. Ќе се обидете да го одложите состанокот, но ќе мора да се соочите со колегите кои очекуваат конкретни одговори од вас. На љубовно поле, денеска ќе сфатите дека имате прекрасен партнер покрај себе.

Бик

Упорно се трудите да ги импресионирате оние околу вас, но успехот не се постигнува на лесен и едноставен начин. Наместо интензивно да размислувате за нечии маани, подобро е посериозно да го анализирате вашето однесување. Важно е да имате силна мотивација и добра волја.

Близнаци

Денеска ќе доживеете неколку спорни моменти при комуникацијата со колегите, па нечии ветувања ќе подлежат на нагли промени. Ќе сакате да доживеете емотивна, страсна и интелектуална поврзаност, но на личноста со која се состанувате ѝ недостасува нешто од тоа.

Рак

На деловната сцена сѐ си има свој рок на траење, но вие упорно инсистирате на работи кои се одамна надминати. Вашата сакана личност се обидува да ве убеди дека сѐ е во најдобар ред, но вашата интуиција ви вели дека треба да бидете внимателни. На крајот од денот, вие ќе сфатите дека сте биле во право.

Лав

Упорно се обидувате да го наметнете своето влијание пред колегите, но има ситуации кои го надминуваат вашето професионално искуство. Ако добивате „лош сигнал“ од личноста која ви се допаѓа, важно е да се тргнете настрана и да чекате подобра прилика. Избегнувајте емоционални предизвици.

Девица

Девици, имате различни обврски, треба правилно да се организирате. Секаков вид на деловна превенција ќе се покаже како вредна помош. Партнерот ќе делува сомнително и тоа ќе се одрази на вашето лошо расположение. Обидете се да не судрите за ситници кои непотребно ве раздвојуваат.

Вага

Средбата со една личност ќе ви делува интригантно, поради што нема да успеете да го скриете вашето нерасположение. Партнерот не сака лесно да се откаже од плановите што ги има. Но, некој мора прво да попушти. Бидете мудри.

Скорпија

Новите настани ви ги нарушуваат плановите и концентрацијата. На крајот, мора да прифатите одреден компромис како вистинско решение. Понекогаш нештата во реалноста делуваат многу поинакви од оние кои некој ви ги прикажува во неговите „приказни“. Не бидете наивни.

Стрелец

Средбата со една личност ќе ви делува заморно, не посветувате доволно внимание на другите настани во кои активно учествуваат вашите соработници. Вие сте оптоварени со нови емотивни претчувства, но ова е одраз на вашата моментална состојба и недостаток на инспирација.

Јарец

Охрабрете ја вашата љубопитност, но не преминувајте преку „ѕидовите на вистината“. Ќе ве очекува поучно искуство во деловната соработка. При средбата со некоја блиска личност, покажете ги вашите искрени намери и разбудете некои „заспани“ желби и емоции.

Водолија

Водолии, ќе ве очекуваат одредени проблеми во комуникацијата со деловните партнери. Ќе имате дополнителни обврски, кои ќе ви ја одземат целата енергија. Обидете се да разберете нечија слабост. Нема потреба да се „казнува“ саканата личност.

Риби

Нема причина некој да ве оптоварува со погрешни идеи или да го ограничи вашето деловно и општествено влијание. Ќе изгледате прилично возбудено и тешко ќе ги контролирате вашите емоционални импулси. Често го губите трпението пред блиска личност. Размислете на таа тема.

Популарно