Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ го знаеме по улогата во култната серија „Подобар живот“ што се емитуваше и во Македонија.
Тогашниот млад и атрактивен актер сега има две деца, ќерката Миа и синот Алексеј.
Алексеј оваа година ќе стане полнолетен, но уште отсега е вистински шмекер. Велат дека цел е на татко си, и физички, и по карактер, и по односот кон девојките.
Иако татко му е еден од најуспешните актери во бивша ЈУ, Алексеј се определи за фудбал. Тој е и доста активен на социјалните мрежи и во ноќниот живот, така што често објавува свои фотографии.