Кој бил Свети Никола и зошто го славиме?

Денеска е Св. Никола Мирликиски.

Свети Никола се роди во Патара, во малоазиската област Ликија, во третиот век. Уште од малечок се одликуваше со посебна чистота на душата и предаденост на Бога. Подоцна, во зрелата возраст, посака да стане монах, но Бог самиот, во едно видение, го упати да се врати во светот и така да им служи на луѓето. На чудесен начин беше избран за архиепископ на главниот град на Ликија, Мира. За време на гонењето на христијаните при Диоклецијан, беше ставен во затвор. Подоцна учествуваше на Првиот вселенски собор, во 325 година. Блажено се упокои во 342 година, во длабока старост. Беше најблаг пастир, голем чудотворец и помошник во секакви неволји. Неговите мошти беа пренесени од Мира во Бари во единаесеттиот век. Таму се наоѓаат до денес.

0_c6c2_c0781cfc_orig
Свети Николај aрхиепископ Мирликијски, 19/6.XII.

Заштитник на патниците и на морепловците

Многу македонски семејства за свој домашен заштитник го имаат Св. Никола и неговиот ден го празнуваат со многу свечености. Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.

Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле, Кула, Нина...

Во животот на нашиот човек посебно значајно место има свети Никола Мирликиски-Чудотворец, кого многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник и со домашни служби и со многу обичаи го празнуваат неговиот спомен. Иако повеќе се празнува денот на неговата упокојување 19/6 декември, (празник познат како зимски Св. Никола или Св. Никола зимен), сепак, внимание му се посветува и на денот на пренесувањето на моштите на св. Никола од Мир (во Ликија) во Бари (Италија) на 22/9 мај, (празник меѓу народот познат како летен Св. Никола, или Св. Никола - летен).

Овој важен лик од христијанската религија е роден кон крајот на III век во гратчето Патара во малоазиската област Ликија. Уште како дете се истакнувал со добро воспитание поради што станал омилен и пред Бога и пред луѓето. Неговиот чичко, кој исто така се викал Николај, и кој бил архиепископ Патарски, согледувајќи ги позитивните карактеристики на младиот Николај ги наговорил родителите да му дозволат да се посвети на Бога и го произвел во чин презвитер. За време на ракополагањето епископот исполнет со пророчки дух во еден момент покажувајќи на младиот Николај извикал: „Браќа, јас го гледам новото сонце што изгрева над земјата и ветува утеха на сите потиштени. Блажено е стадото што ќе го има за пастир, зашто тој ќе ги приведе кон вистината заблудените овци, ќе ги пасе на пасиштето на благочестието и ќе биде помошник на сите страдалници“. Ова пророштво на стрикото Николај се исполнило, зашто младиот Николај подоцна навистина станал заштитник на сиромасите, но и помошник на сите што со верба му се обраќале. По смртта на стрико му кој бил архиепископ свештениците од областа Ликија барале негова замена, но сите се увериле дека немале подобар од младиот Николај и го избрале за архиепископ Мирликијски. Како архиепископ Николај бил омилен меѓу народот, зашто секогаш ги помагал сиромашните, ги посетувал болните, ги штител затворениците и неправедно осудените, младите ги советувал, грешните ги упатувал на вистинскиот пат, робовите ги откупувал и ги пуштал на слобода, на сиромашните девојки им купувал мираз за да се омажат итн.

По смртта на неговите родители коишто биле многу богати сето богатство што го наследил го разделил на сиромасите, но тоа го правел тајно тргнувајќи од божјите зборови за добрите дела да не бара светска слава.

Житието раскажува дека во тоа време во градот Патара живеел некој човек којшто ненадејно го изгубил богатството и бидејќи не бил способен да се бори во животот бил решен и со нечесни средства да остварува средства за живот. Имал намера да ја жртвува дури и честа на своите три ќерки, но во тоа го спасил св. Никола кој ноќно време низ прозорецот му дофрлувал пари. Со тие пари таткото ги омажил и трите ќерки, а кога разбрал кој му го дава богатството паднал пред нозете на Никола и со солзи во очите му благодарил со зборовите: „Ако не беше те пратил Господ да не спасиш, јас не можев да одолеам на искушенијата, ќе паднев во грев и ќе ја жртвував честа на моите ќерки.“

Кога за време на владеењето на царот Диолкецијан станале големи прогони на христијаните и Николај бил затворен и подолго време останал во темница. Но кога царот Константин го признал христијанството и кога ги ослободил сите затворени христијани и Николај бил ослободен и повторно се вратил на архиепископскиот трон. Учествувал и на Првиот веселенски собор во Никеја, во 325 година, каде што удирајќи му шлаканица го посрамотил еретикот Арие, кој се одделил од христијанството и проповедал друго учење.

По пронаоѓањето на светиот крст од страна на царицата Елена многу луѓе тргнале да ги посетуваат светите места. И архиепископот Николај тргнал на вакво патување, на кое се случиле многу чудни настани. Житието раскажува дека додека патувале по морето Николај претскажал големо невреме, но морнарите познавајќи ги метеоролошките услови го исмевале велејќи му да не зборува за работи што не му се познати. Но кога набргу навистина фатило страшно невреме, кога се кренале големи бранови и кога сите очекувале несреќа Николај се помолил на Господа и бурата престанала. Вакви настани за време на животот на Николај се случиле повеќе, а тој и по смртта продолжил да ги заштитува патниците, посебно оние што патувале по вода.

Доживеал длабока старост и умрел во 342 година, откако скоро шест децении му служел на својот народ и на својот Господ. Бил погребан во соборната црква во Мир, а подоцна кога пред налетот на Исламот биле прогонувани христијаните, кога многу цркви настрадале и кога биле уништувани гробовите на светителите св. Николај му се јавил во сонот на некој свештеник од Бари (Италија) и го замолил моштите да му ги пренесат во Италија. Во тоа време црквите во јужна Италија и припаѓале на цариградската патријаршија. Потоа со многу свечености неговите мошти биле пренесени од Мир (Ликија) во Бари (Италија), во 1087 година, поради што и овој датум (22/9 мај) се смета за празник на Св. Никола (Св. Николај летен). Преданието раскажува дека светите мошти во Бари биле пречекани од мноштво народ меѓу кој имало и многу болни, слепи, глуви, сакати, душевно болни и сл. коишто доживеале исцелување.

Култот на св. Никола е познат од VI век, а најстарото житие за него потекнува од IX век. Важел за заштитник на целото население и од целиот свет, поради што високо го ценат не само православните туку и католиците. Од истите причини на овие простори во минатото го почитувале и Турците, коишто како што стои во некои записи го викале „Адрбаба“, што значи јадар татко или голем татко.

Се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак, во народното предание најмногу е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и заштитник на корабите и на патниците што патувале со нив. Затоа, пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат по вода. Во македонските народни преданија се раскажува дека еднаш кога патувал по вода бродот потонал, а тој шест недели поминал на една штица. За цело време се молел на Бога да го спаси, а Господ не само што го спасил, туку затоа што бил исполнет со верба кон Бога и што го молел го назначил за заштитник на морепловците.

Во таа смисла Марко Цепенков запишал дека „Свети Никола је на морињата - да варди луѓето од талазите на морето да не се удаат“. С. Тановиќ, пак во записите на обичаи и верувања од Гевгелиско на едно место забележал дека овој ден се празнувал „поради дождови и поплави“, а на друго место дека го празнувале рибарите и морепловците, дека секогаш бил на вода и ги држел клучевите од седум извори за да не се удават луѓето, зашто кога би ја пуштил водата сите би се удавиле. На Дојранското Езеро, на овој ден рибарите не влегувале во чуновите, а и во Солунскиот Залив престанувал сообраќајот. И Е. Спространов во обичаите од Охрид забележал дека свети Никола бил тој „шо и поиљвит морињата. Тога, каде да се најт гемија или пампур останвит таму макар, стрет море да је, ќе се заприт и ќе го држит (ќе го празнуват). Свети Никола е фенерлија, праит чудесиј“.

Во македонските народни песни св. Никола е опеан како „стар свети Никола“ кој може да го одмрзне и замрзнатото море, но и кој гради цркви и манастири: „Цркви гради стар свети Никола, /градил ги е од злато и сребро“. Стиховите, пак, од оваа песна во кои Св. Никола и се обраќа на златната рипка од дното на морето: „сребро, злато, цркви ќе дограда, / бесцен камен у олтар ќе става, / тебе рипке, курбан ќе те колам“, се во врска со обичајот да се јаде риба на празникот (особено на зимскиот празник кој спаѓа во Божиковите пости) како и со обичајот во некои места за курбан да се готви риба-крап.

И во песната од зборникот на браќата Миладиновци се пее за делбата меѓу четирите светци: св. Илија, св. Никола, св. Јован и св. Петар: „На свети Никола што му паднало?/ Паднало му води и бродови, / му паднаа гемии по море, / он да имат, он да и повељат“.

И во прозните народни умотворби еднаш се раскажува како св. Никола ги помага сиромасите, друг пат како добил два празника во годината. Така на пр. во една приказна запишана од ѓаконот Јосиф, од манастирот Пречиста Кичевска, објавена во цариградскиот весник „Новини“ кон крајот на минатиот век, се раскажува дека едно време другите светци му завиделе на св. Никола затоа што многу бил почитуван и се поплакале на Бога. Бог ја примил поплаката и веднаш испратил два ангела да го повикаат св. Никола. Тие откако не го нашле по небото и по земјата го здогледале во среде море како крепи една гемија готова да потоне. Му ја пренесле заповедта, а тој ги замолил да му помогнат да ја извадат гемијата на суво. Виделе, невиделе ангелите му помогнале, а потоа така накиснат и со искинати алишта го одвеле пред Господа. Тука во тој момент биле собрани и сите светци што се оплакувале на него. Господ само ги погледнал и ништо не рекол, а тие од погледот разбрале дека ако сакаат да бидат почитувани како свети Никола треба да прават добри дела како што правел тој. Тогаш, се вели во оваа приказна, Господ заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, за свети Никола два, а за преподобниот Касијан кој најмногу го кодошел, на четири години еднаш да му се празнува денот на 29 февруари.

Истражувачите на народниот живот истакнуваат дека многу елементи од обичаите и верувањата поврзани со св. Никола водат потекло од претхристијанско време, но дека се задржани сите обреди, обичаи, жртвувања, и сл. кои биле поврзани со некогашниот претхристјански јунак на морињата, водите и ветровите.

7000 зачленети компании на KARIERA.mk!

Со огромна гордост објавуваме уште еден значаен успех, 7000 зачленети компании на KARIERA.mk!

Овој успех не е само бројка, туку доказ за довербата што ја градиме со години заедно со македонската бизнис заедница. KARIERA.mk денес е многу повеќе од платформа за огласи тоа е целосен HR екосистем кој ги поврзува компаниите и барателите на работа.

Во изминатиот период, континуирано инвестиравме во иновации и нови решенија:

  • HR scanner - стратешка и аналитичка алатка која го трансформира управувањето со човечки ресурси
  • KARIERA AI - паметни технологии за побрзо и попрецизно пронаоѓање кандидати
  • KARIERA настани - eдукативни работилници каде што експерти од индустријата споделуваат знаењa, искуства и практични стратегии
  • KARIERA Hub - центар за знаење, ресурси и кариерен развој
  • MojaKARIERA - платформа за физички лица што овозможува полесно поврзување, вмрежување и пристап до нови кариерни можности

Секој чекор напред е резултат на заедничка визија модерен, ефикасен и поврзан пазар на труд.

Зад оваа бројка стои силна заедница:

  • Илјадници реализирани вработувања
  • Континуиран раст на активни огласи
  • Вмрежување на компаниите и физичките лица на едно место
  • Поддршка во секој чекор од кариерниот пат

Нашата мисија останува иста да бидеме мост помеѓу компаниите и талентите, но и да создадеме простор каде што можностите и луѓето се среќаваат.

Голема благодарност до сите 7000 компании и илјадниците корисници кои се дел од KARIERA.mk. Ова е заеднички успех!

Продолжуваме уште посилно со нови алатки, повеќе можности и уште подобро вмрежување помеѓу компаниите и луѓето. 

KARIERA DAYS vol.3 Агенда: Целосна програма за 15 и 16 мај во East Gate Mall

Подготвени сте за кариерен пресврт? На 15 и 16 мај, East Gate Mall се трансформира во динамичен лавиринт каде секоја патека води до нови професионални хоризонти. Оваа агенда не е само распоред на часови, туку твоја лична мапа за навигација низ најдобрите можности на пазарот на труд.

Погледни што те очекува и планирај го твоето време паметно:

📅 ДЕН 1 | Петок, 15 Мај: Први чекори и инспирација

13:00 – 18:00 | Посета на штандови

Ова е твоето време за директен контакт. Искористи го целиот попладневен термин за разговор со претставниците на водечките компании, дознај ги нивните внатрешни култури и информирај се за активните огласи во живо.

14:00 – 15:00 | Кариерни совети: Твојот професионален компас

Приклучи се на сесиите за советување каде експерти ќе ти помогнат да го средиш твоето CV и да добиеш насоки како да се претставиш во најдобро светло пред работодавците.

16:00 – 16:30 | Тркало на среќата: Награди за храбрите истражувачи

Малку адреналин и многу изненадувања! Заврши го првиот ден со позитивна енергија и вредни подароци.

📅 ДЕН 2 | Сабота, 16 Мај: Акција и нови почетоци

12:00 – 18:00 | Продолжување на потрагата (Посета на штандови)

Ако пропушти некоја компанија првиот ден, денес е шансата да го надополниш тоа. Лавиринтот е отворен за сите нови конекции.

13:00 – 13:30 | Тркало на среќата: Прва доза изненадувања

Започни го вториот ден со нова шанса за добивка пред да се впуштиш во најинтензивниот дел од денот.

14:00 – 15:30 | Speed Interview: Брза патека до работа

Ова е „срцето“ на лавиринтот! Искористи ги овие 90 минути за кратки, но клучни интервјуа со работодавците. Биди концизен, биди подготвен и остави впечаток за само неколку минути.

16:00 – 17:00 | Кариерни совети: Финални стратегии

Заврши го твоето патување со дополнителни консултации и одговори на сите дилеми кои ти се појавиле за време на настанот.

Зошто да бидеш дел од KARIERA DAYS vol.3?

Ова не е класичен настан за вработување ова е интерактивна платформа каде човечкиот контакт е во центарот. Без разлика дали бараш прва работа, промена на кариерата или само сакаш да ја почувствуваш пулсацијата на пазарот, „Лавиринтот на можности“ е местото каде треба да бидеш.

Влези во лавиринтот и пронајди го својот излез кон успехот!
Регистрирајте ја вашата компанија ТУКА 

Успешно реализиран настанот Global HR Vision во организација на KARIERA.mk

Настанот Global HR Vision, во организација на KARIERA.mk, кој се одржа на 23 април во престижниот Skopje Marriott Hotel, беше успешно реализиран и уште еднаш потврди дека HR заедницата во регионот има силен капацитет за развој, иновации и меѓусебна соработка.

Овој настан претставуваше значајна платформа за поврзување на HR професионалци, менаџери и лидери од различни индустрии, со цел размена на знаење, искуства и најдобри практики. Програмата беше внимателно креирана за да одговори на актуелните предизвици со кои се соочува современиот пазар на труд од трансформацијата на работните места под влијание на технологијата, до градењето одржливи организациски култури и привлекување и задржување на таленти.

Особена вредност на настанот му дадоа врвните говорници: Nadina Tyropolis, Majda Berislavić, Harbir Singh Rissam, Peter Spannagl и Ilona Popczyk. Со својата експертиза, професионален пристап и инспиративни излагања, тие понудија длабоки увиди и практични насоки кои учесниците ќе можат директно да ги применат во своето работење. Нивниот придонес беше клучен за креирање на динамична и ангажирачка атмосфера, која поттикна дискусии и отвори нови перспективи за иднината на HR функцијата.

Воедно, би сакале да изразиме искрена благодарност до нашите партнери и спонзори: Motivi Employments, Titan Usje, Pikasa Analytics, Sparkasse Bank AD Skopje, Croatia Osiguruvanje, Alkaloid AD Skopje, Grand Kafa, Štark, Vineto HR и A1 Macedonia. Нивната доверба, поддршка и посветеност беа од суштинско значење за квалитетната организација и реализација на настанот.

Global HR Vision не е само настан, туку иницијатива која има за цел да ја поттикне трансформацијата на HR индустријата и да придонесе кон создавање поиновативна, поинклузивна и поефикасна работна средина. KARIERA.mk и понатаму ќе продолжи активно да инвестира во вакви проекти, со цел да обезбеди континуиран развој на професионалната заедница и да создава можности за вмрежување, учење и раст.

Им благодариме на сите учесници што беа дел од ова искуство и придонесоа Global HR Vision 2026 да биде настан кој ќе се памети: EVN, Van Hool, WIK Macedonia, Raguza, Varus, Produkcija Perspektiva, UNIJA ETL ACCOUNTING, ASEE BSS, KIEL Macedonia, Law Office Tošić & Jevtić, Foxit, Alkaloid, A1, OIP, Makpetrol, Evrotip, TRIGLAV Insurance, Women in Tech, USJE, Halkban, Novo Nordisk Pharma, ATLANTIC ŠTARK, Grand Kafa, Eko Logistic Service, Silk Road Bank, Kromberg & Shubert, Maliqi Group, Vega, Special Eye Hospital DENICA, Via Pharm, Nova High School, Studio Moderna Tikvesh Vinary, Sparkasse Bank, Croatia Insurance, TTK Banka, Leoron, Motivi, Pikasa, AUE FON.

Ви благодариме за присуството и позитивната енергија!

Погледнете дел од атмосферата во продолжение, се гледаме на следниот настан!

Во прилог галерија од фотографии:

Популарно