Кој е подобар: Samsung Galaxy s5 или Samsung Galaxy Note 4?

Гигантот Samsung  на пазарот за паметни телефони како главни адути за 2014 година ги има  Galaxy Note 4 и веќе неколку месеци стариот и популарен Galaxy S5. Да погледнеме кои се главните разлики...

091844Samsung-Galaxy-Note-4-vs-Samsung-Galaxy-S5-TI

Уште веднаш може да забележите дека станува збор за уреди од истата компанија. Изгледот е скоро идентичен, со тоа што note 4 поседува огромен 5,7 инчен екран со QuadHD резолуција (2560 x 1440 пиксели) наспроти 5,1 инчниот екран на Galaxy S5 со FullHD резолуција (1920 x 1080 пиксели). Поголемиот екран драстично го зголемува Galaxy Note 4, така што ваш избор е дали сакате попрактичен или поголем телефон.

Изработката на два уреди е слична, со две клучни разлики:

Galaxy Note 4 поседува метална рамка околу куќиштето и задниот дел е изработен да изгледа како кожа

Galaxy S5 е водоотпорен (поседува IP67 сертификат) и задниот дел е изработен да изгледа како гумирана површина

За жал, тука завршуваат сличностите и понатаму Galaxy Note 4 е далеку посупериорен уред - нов UV сензор, помоќен Snapdragon 805 quad-core процесор, 3GB RAM и камера со оптичка стабилизација.

(ФОТО) КУРШУМ НЕ ЈА БИЕ - Нокиа спасува животи во Авганистан

Доказот дека Nokia се најиздржливите мобилни телефони на светот е пред вас.

Питер Скилман, кој е одговорен за моделот Lumia, објави слика со продупчена Lumia 520 со куршум, која спасила живот на војник во Авганистан.

Телефонот повеќе не е употреблив, но најважно е што неговото куќиште успеало да го задржи куршумот во себе и да не пробие до телото на војникот.

На новиот Самсунг S8 ќе може да се играат Нинтендо игри

Најновата верзија од најдобриот Самсунг смартфон, Galaxy S8 е навистина мала но многу моќна направа.

Доказ за моќта на овој смартфон ја докажа еден млад софтвер инженер кој на Youtube постави видео во кое тој на својот Galaxy S8 ги игра игрите наменети за Нинтендо.

Популарно