Лекарите не сакаа да му помогнат на детето кое го удри кола!!!

Синоќа 11-годишно детенце било прегазено од автомобил, а Домот за здравство одбил да му помогне на момченцето.

ambulanta

Откако момчето било удрено, случајните минувачи веднаш притрчале да помогнат, а откако отрчале до Домот за здравство кој се наоѓал на 30 метри, од таму одбиле да помогнат, тврдат извори за српскиот Ало.

- веднаш притрчав да помогнам. Влегов во болницата испаничена и на сетсрите им раскажав што се случило на улица. Тие ме погледнаа и ми одговорија дека не одат на терен и да си викнеме Брза помош, вели сведок.

За среќа, иако жената почнала да вика но никој во болницата не ја слушал, брзо пристигнала Брзата помош, која го однела детето. Детенцето имало тешки повреди на главата и модринка на левото око, а сега е згрижено во болница.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно