Македонски граѓанин уапсен со 273 килограми марихуана!

Албанската полиција на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница, кај Струга, запленила 273 килограми марихуана и го уапсила македонскиот државјанин Н.Д.(40).

Според полицијата, дрогата била пакувана во 1.563 пластични кутии, скриени меѓу 800 дрвени палети од дрво натоварени во камион шлепер марка „волво“ со регистарски таблички OH9622AB.

Возилото, со кое управувал македонскито државјанин, чекало на излез од Албанија. Било контролирано со скенер, по што цериниците се посомневале дека во него има и дрога. При деталната контрола била откриена дрогата која требало да влезе на македонска територија.

Материјалите за понатамошната истрага се во Обвинителството за тешки кривични дела во Тирана за кривино дело „недозволена трговија со наркотици, во обид“.

Полицијата се сомнева дека во овој шверц се вмешани и други лица, поради што истрагата ќе се прошири и во Македонија.

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Почина таткото на Тоше, Никола Проески

По долго боледување, почина таткото на Тоше, Никола Проески.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. 

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше. Замина денес, на Велики четврток, после долго боледување.

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите:

-Светол патот, татко мој.

Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност.

Семејството Проески се уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.

Популарно