Мртвото тело на познат скопски бизнисмен пронајдено на Стража

Телото кое вчера беше пронајдено во автомобил бездна на патот Гостивар - Кичево кај каменоломите, најверојатно е на познат скопски бизнисмен, откриваат неофицијални извори од истрагата.

f58437743ac5d343a469960f06c00539

Тој вечра околу 10 часот беше пронајен во својата Шкода Октавија излетан од патот. Во близинана неговото тело е проанјдена патна исправа на лице од Скопје кое на први месецов било пријавено за исчезнато. Во моментов се уште трае истрагата, па официјални информации надлежните институции не сакаат да дадат пред таа да заврши. Неофицијално, станува збор за бизнисмен од скопски Аеродром кој се занимавал со градежништво.

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Почина таткото на Тоше, Никола Проески

По долго боледување, почина таткото на Тоше, Никола Проески.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. 

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше. Замина денес, на Велики четврток, после долго боледување.

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите:

-Светол патот, татко мој.

Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност.

Семејството Проески се уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.

Популарно