На Србија и се заканува епидемија и рој од комарци

По повлекувањето на водата во подрачјата зафатени со поплавите, на Србија и се закануваат комарци, глувци, но и појава на епидемија и цревни болести.Кога ќе се затопли, сосема е нормално да се појават и комарцте. Од пред неколку дена ги има многу повеќе, пишуваат српските медиуми. Поради нив допрва може да настане проблем, бидејќи го пренесуваат вурусот Западен Нил.

h_51375058-670x325

„И глувците ќе се преместуваат на суви и сигурни места, а тие се предизвикувачи на бројни болести. Првенствено мислам на лептоспирозата, која е многу сериозно заболување. Луѓето кои се враќаат на поплавените подрачја никако не смеат да одат боси по вода, бидејќи бактериите во неа има бактерии од многу мртви животни“, вели проф. др. Радован Чекнаќ, епидемолог.

Основен предуслов за намалување на ризикот и спречување на сериозни епидемии е детална санација на теренот, кој опфаќа  пронаоѓање, собирање и прописно уништување на загинатите животни, собирање на сите врсти на отпад и други материи кои го загрозуваат животот на луѓето.

Во Србија досега загинаа официјално 22 лица, од кои 14 во Обреновац. Евакуирани се 31.873.

Експертите очекуваат дека е можно во нареддните денови да порасне нивото на Дунав, што влијае на зголемувањето на Сава, па затоа неопходно е да продолжат евакуациите.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно