„Пендаровски беше верификатор на погубната поделба на земјата и албанизацијата на Кичево и Струга“

Барањето на ДУИ за консензуален кандидат и обидот на СДСМ да го наметне Пендаровски кај Албанците е уште една етапа во процесот за продажба на националните интереси за личен профит кој започна со територијалнмата поделба во 2004та, оценуваат експертите за Сител. И тогаш Пендаровски беше клучниот верификатор на погубната поделба на земјата по етничка линија и албанизацијата на Кичево, Струга и Скопје.  Експертите се навраќаат на настанот кој многу наликува на денешните случувања особено знаејќи дека актерската екипа е иста.

sdsm-plakat

„Се сеќавам откако ние ја направивме коалицијата со ДУИ во 2008 година разговарав со еден претставник од раковосдството на ДУИ и имавме една дилема дали ДУИ му должи нешто на Црвенковски и дали Црвенковски му должи нешто на ДУИ за да можеме да бидеме сигурни дека таква една коалиција нема да биде нестабилна. Она што ми беше одговорено од страна на овој висок претставник на ДУИ беше дека немаат никаков долг кон Црвенковски затоа што тој како политичар го добил од нив тоа што го барал.

Имено во 2004та договорот меѓу ДУИ и Црвенковски бил тие да му дадат нему што сака, а тој да им возврати со тоа што тие го сакаат. Црвенковски посакал од ДУИ 5 годишен мандат со полнење на кутии, ДУИ посакале од Црвенковски, Кичево, Струга и СКопје со Кондово, Сарај, двојазична општина, двојазичен град – вели Антонио Милошоски за Сител

„Сите тие настани не само што потестуваат на се ова што ни се случува денеска туку тие се дел од едно исто сценраио. Се започна во 2001 година со војната која ја загубивме и тоа што тогаш не беше псотигнато веќе се спроведува на еден индиректен начин., од внатре, не од надвор како што беше тогаш и првиот голем исчекор беше 2004та кога беше донесена новата територијална поделба на земјата со која крајно непотребно, крајно погрешно, беа албанизирани одредени делови“, вели Ристо Никовски

„За да се заврши тој процес во кој што доминираше камапањата на Шеќеринска дека „Некои прашања не заслужуваат одговор“ мораше да се има некој човек од доверба кој што требаше да ги верификува тие референдумски резултати и не случајно тоа беше Стево Пендаровски“ вели Милошоски

„Најнов настан од тоа исто сценарио е барањето за консензуален претседател“, вели Никовски

„И тогаш и сега актерите се исти иако главниот актер формално е повлечен од  сцената и не е видлив за јавноста. Сепак ниту Шеќеринска ниту Пендаровски не се случајни луѓе и за територијалната поделба и за рефререндумот и за верификацијата на резултатите со полнењето на кутии од страна на ДУИ за времен а претседателските избори кога Црвенковски стана претседател на државата“, вели Милошоски

Територијалната поделба и неуспешниот референдум кој беше силно поддржуван од Груевски како лидер на опозицијата и Иванов како професор и дел од експертската јавност биле цехот кој Црвенковски им го платил на ДУИ за полнењето кутии и добивањето ан претседателскиот мандат кој исто така беше верификуван од Пендаровски се сеќаваат познавачите на состојбите.

На 7ми ноември 2004та пропадна обидот на опозицијата предводена од груевски со референдум да каже не за територијалната поделба на земјата. Причина беше недостигнувањтео на цензусот поради силната кампања на власта водена од радмила шекеринска- Некои прашања нбе заслужуваат одговор. Тоа беше првиот пат и псоелден пат кога Државната изборна комисија не излезе со кампања излези и галсај ис о тоа даде индиректна поддршка на бојкото и удоволувањето на желбите на Ахмети.

(Фото) Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде последна почит на својот Инстаграм профил.

Кико сподели фотографии од своето детство се до денес, заедно со дедо Никола и Тоше, а под нив напиша само кратко – „Папу“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @kristijanristeski

Селин Дион за болеста со која се учи да живее

Канадската поп-пејачка Селин Дион во интервјуто за на француското издание на списанието „Вог“ проговори за своето невролошко заболување наречено Синдром на вкочанета личност. Болеста ѝ беше дијагностицирана есента 2022 година.

– Не сум ја победила болеста, таа сѐ уште е во мене и секогаш ќе биде. Се надевам дека ќе се случи чудо, дека ќе најдеме начин да ја излечиме преку научно истражување, но токму сега, морам да научам да живеам со неа. Значи, ова сум јас сега – со синдромот на вкочанета личност, изјави Дион.

Таа потоа раскажува како изгледа нејзиниот живот по дијагнозата.

– Во неделата, пет дена одам на атлетска, физичка и гласовна терапија. Работам на прстите на рацете, на нозете, колената, листовите, пеам… Гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси. На почетокот се прашував: „Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?“, се потсеќа пејачката.

Таа вели дека сега има два избора – да тренира или целосно да се повлече.

– Животот не дава никакви одговори. Само треба да го живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина. Како што ја гледам, имам два избора. Или ќе тренирам како спортист и ќе работам напорно, или „се исклучувам“ и останувам дома… Значи, ги слушам моите песни, стоејќи пред огледалото и ги пеам со цело тело и душа, со медицинскиот тим, повторно, нагласи Селин.

Таа има голема поддршка од семејството и децата.

– Пред сè, љубовта на моето семејство и моите деца, љубовта на обожавателите и поддршката на мојот тим – сè тоа ме крепи. Луѓето кои страдаат од СПС (кретенка за болеста, з.п.), можеби немаат доволно среќа или имаат средства да имаат добри лекари и добри третмани. Тоа е дар, знам дека ништо нема да ме спречи, појасни таа.

На прашањето дали ќе се врати на сцената, Селин сè уште нема конкретен одговор.

– Моето тело ќе ми каже. Од друга страна, не сакам само да чекам. Многу е тешко да се живее од ден за ден. Но, има едно нешто што никогаш нема да запре, а тоа е волјата. Тоа е страста. Тоа е сонот. Тоа е одлучноста!, заклучи поп-ѕвездата.

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“.

Популарно