Прекинато првото заседание на новиот парламентарен состав

Првото заседание на деветиот парламентарен состав е прекинато, додека до пратениците не биде доставен Извештајот за резултатите од изборите и освоените мандати на Државната изборна комисија од Верификациската комисија, која заседава.

На конститутивната седница на Собранието на Република Македонија присуствуваат 118 од 120-те избрани пратеници на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 11 декември. Првото заседание на деветиот парламентарен состав е прекинато, додека до пратениците не биде доставен Извештајот за резултатите од изборите и освоените мандати на Државната изборна комисија од Верификациската комисија, која заседава.

Со седницата претседава претседателот на Собранието во заминување Трајко Вељаноски. Како негови заменици беа назначени пратениците Стојан Миланов и Јусуф Хасани.

За претседател на Верификациската комисија беше избран Влатко Ѓорчев, а членови се Петре Шилегов, Реџаиљ Исмаили, Фадил Зејнели и Сурија Рушити.

Оливер Спасовски, од коалицијата предводена од СДСМ, во процедурална забелешка рече дека Вељаноски не треба да претседава со седницата заради тоа што и според праламентарната пракса и според Деловникот, со неа треба да раководи најстариот пратеник. Спасовски рече дека Вељаноски се повикува на промената на Деловникот од 2008 година, но оти по изборите после тоа сепак конститутивна седница ја водел највозрасниот пратеник.

Зошто воведувате нови стандарди во парламентарната демократија во Македонија, но тоа не е страно за вас. Не треба да продолжите по стариот терк со кршење на Деловникот и со едно насилие, рече Спасовски.

Вељаноски кусо одговори дека има разлика во праксата и во спроведувањето на Деловникот. Јас мислам дека Деловникот преовладува во работата и така треба да направиме, рече Вељаноски.

На дневен ред на првата собраниска седница се избор на претседател и членови на Верификациската комисија, верификација на мандатите на пратениците, избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и избор на претседател на Собранието на Република Македонија.

На конститутивната седница не присуствуваат само двајцата новозибрани праници од ДПА.

На седницата присуствуваат високи претставници на верските заедници, на судската власт, на МАНУ, дипломатскиот кор...

Најмногу пратеници во деветиот парламентарен состав ќе има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 51, коалицијата предводена од СДСМ има 49 мандати, ДУИ 10, Беса - 5, Алијанса на Албанците - 3 и ДПА - 2. Во овој парламентарен состав нема да има народни избраници од дијаспората поради недоволен број гласови.

Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Северна Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. 

Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

-Исто така,  утре на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител. 

Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право. 

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники

Во СВР Велес синоќа во 21:55 часот било пријавено дека на главната  улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р.  удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

 Таа додава дека по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира за МИА портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, Марина Андова, малолетникот бил прегледан на Одделот за Радиодијагностика по што било утврдена скршеница на левата потколеница, и по дадената лекарска помош поради тежината на повредата малолетникот бил препратен на Клиниките во Скопје на понатамошно лекување. 

Популарно