Рада Манојловиќ се посвети на новиот албум и сега едвај составува крај со крај. Пејачката потроши многу пари на снимањето, но и на новиот џип за кој даде повеќе од 30.000 евра.
Исто така во последно време Рада постојано купува брендирана гардероба за да го поправи имиџот.
Пејачката наводно останала без пари и морала да позајми 1.000 евра од татко. Таа порано постојано му помагаше, па сега дојде ред и на него.
Поради оваа ситуација нејзината сестра Марија многу се налутила и ја предупредила дека не може да се однесува така.