Двегодишното дете А.М. вчера починало во семејната куќа во белградската населба Бели поток. Телото на детето е испратено на обдукција, а причината за смртта не е позната.
Семејството на починатото дете вчера не сакаше да даде изјава, а подалечни роднини на детето А.М. велат дека тоа пред смртта било болно, објави Блиц.
-Изгледа дека имало температура и дека примало некакви инјекции пред тоа, вели една роднина.
Соседите се во шок, но не знаат што точно се случило.
-Наслушнавме дека нивното помалечко дете починало. Не знаеме ни како, ниту кога ќе биде погребот, велат соседите од Бели поток.