Трагедија во Србија: Шлепер влета во куќа откако возачот почина зад воланот

Возачот на камион чиј идентитет се уште не е познат, настрада во несреќа која се случи денеска кај Жабљанскиот мост. Како што јавуваат српските медиуми, човекот починал зад воланот на шлеперот што го возел при што излетал од патот и се забил во куќа.

sleper-kuka2

Несекојдневната несреќа се случи во попладневните часови, а наводно во несреќата е повредена една жена која е пренесена во болница. Шлеперот со регистарски таблички од Кикинда превезувал пченка која откако возилото се забило во куќата се растурила по патот.

sleper-kuka

Полицијата се уште официјално не се огласила за несреќата, а пожарникарите на местото на несреќата со помош на тешки машини го извлекуваа шлеперот и се обидуваа да допрат до несреќниот возач.

sleper-kuka3

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно