Цеца и Саша се дрогирале од 14 години - Потоа се свртеле кон Бог, а сега се во брак 29 години и имаат три деца!

ufgyk-24474

Светлана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Саша Ивановиќ меѓусебно се познаваат уште од рана возраст. Тие биле бунтовнички настроени кон комунизмот и тогашниот систем, а тоа ги донело до уништување на самите себе.

Се започнало кога биле заедно и имале по 14 години, почнале да конзумираа лесна дрога, а потоа и хероин, па започнал и нивниот пекол. Продавање дрога, мачење да се најдат пари за шмркање, трката за смртта станала дел од нивниот секојдневен живот.

Потоа, дошле на крстосница на која морале да одлучат дали ќе продолжат со самоуништувањето или ќе започнат нов живот. За среќа, се одлучиле за второто.

fygitfy6

Тие се свртеле кон религијата и Господ. Престанале да конзумираат дрога и ги научиле вистинските животни вредности. Денеска се точно 36 години откако се заедно, од нив 29 години се во брак и имаат три деца.

Основале Центар за рехабилитација на зависници и за 15 години биле излечени околу 400 зависници од дрога.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно