ЦИА ги следи нашите телефони и телевизори – Еве колку ние Македонците сме заштитени од шпиунажа!

Американската известувачка служба ЦИА ги користи речиси сите совршени методи на шпиунажа и практично не постои начин да откриете дали вас ве прислушкуваат преку вашиот телефон, компјутер или телевизор, тврдат ИТ експертите.

Дури ни сензационалното откритие на организацијата „Викиликс“, која обелодени дека ЦИА преку електронските уреди шпиунура преку милион луѓе ширум светот, нема да ги запре тајните служби на САД во намерата да ги убацат вирусите „malvere“ во компјутерите и телефоните со кои се прислушкуваат обичните граѓани.

Владимир Радуновиќ, директорот на програмата на сајбер-безбедноста во Дипло фондацијата, изјави за „Информер“ дека шпиунските активности на службите како што е ЦИА, кои се извршуваат рпеку телефоните и компјутерите можат да ги откријат само професионалци.

„Обичниот човек е речиси невозможно да открие дека некој го следи и прислушкува преку телефон или компјутер, особено ако се работи за некој како што е ЦИА. Кога е во прашање телефонот, не постои никаков посебен звук кој би укажал на тоа, ниту е точна теоријата дека, кога ќе го слушнете ехото на својот глас, тоа значи дека ве прислушкуваат“, изјави Владимир Радуновиќ.

Што се однесува до компјутерите, кога некој со компјутер како вашиот симнува податоци кои се гломазни, како слика или видео запис, постои можност да уредот тогаш ви кочи. Но, обичниот човек никогаш нема да помисли дека тоа е поради тоа што некој го прислушкува.

Шпиунирањето може да се открие и ако преку специјална програма се следи сообраќајот од вашиот компјутер, но дали познавате некој пријател кој тоа го следи на својот компјутер?

„Тоа воглавно го прават стручни луѓе“, додаде Радуновиќ.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно