Ученик и татко тепале професори во средно училиште во Скопје

Во средното училиште „8 Септември“, поранешен ЕМУЦ, во скопската населба Автокоманда претпладнето ученикот С.Б, заедно со својот татко и чичко, физички го нападнале класниот професор М.А и уште неколку други професори.

6DAE3B1EE95E704287A60215F9C9AFA1

Ученик со своите татко и чичко се степал со класниот раководител и со уште неколку професори во училиштето 8 Септември, поранешен ЕМУЦ, во населбата Автокоманда во Скопје.

Според полицијата, тепачката се случила во вторник, околу 11:30 часот во СДУ 8 Септември, меѓу ученикот С.Б., неговиот татко и неговиот чичко, и класниот професор М.А. и неколку други професори.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за негово расчистување.

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Почина таткото на Тоше, Никола Проески

По долго боледување, почина таткото на Тоше, Никола Проески.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. 

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше. Замина денес, на Велики четврток, после долго боледување.

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите:

-Светол патот, татко мој.

Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност.

Семејството Проески се уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.

Популарно