Не запираат реакциите по грозморното убиство на Хрватот Томаислав Салопек од припадниците на Исламската држава. Од грозниот чин се срамат и самите муслимани.
Познатиот босански новинар Нермин Бисе вчера на социјалните мрежи напиша статус кој со голема брзина се ширеше меѓу корисниците.
„Бруталното убиство на Салопек е ужасен, кукавички и нечовечки чин. Не постојат зборови со кои може да се опише резигнацијата и разочарувањето, тагата и немоќта.
Убијци, проклети да бидете, не се затскривајте зад плаштот на исламот и не ја валкајте верата со крвта на недолжните луѓе. Вашиот ислам монструми не е и мој ислам и никогаш нема да биде“ – напиша Бисе.