Навивачите во Србија, се побурно го искажуваат своето незадоволство после немилите настани во Истанбул.
Навивачите на Партизан, популарните „Гробари“, на денешниот наптревар на својот стадион каде го пречекаа тимот на Напредак, го запалија знамето на Галатасарај, поради трагичниот настан кој ја одбележа оваа недела, а се случи во Истанбул, кога навивач на Црвена Звезда беше прободен со нож од навивачите на Галатасарај, а подоцна им подлегна на повредите.
Дел од „Гробарите“ во 46-тата минута од натпреваот на источната трибина, го запалија знамето на Галатасарај, а тоа предизвика бурни поздрави од публиката.
Натпреварот заврши со конечни, Партизан – Напредак, 3-1. Атмосферата во Белград станува се понапната, синоќа беа организирани големи протести каде се собраа навивачи од повеќе групи.