Во шпанското кошаркарско првенство Реал Мадрид беше подобар од Тенерифе и победи со 93:82. Сепак овој натпревар немаше да добие посебно внимание, да не настрадаше судијата.
Бекот на Реал, Серџо Лул се обиде да спаси една топка која одеше во аут, но место да ја врати во теренот, го погоди судијата директно во главата, кој веднаш падна на паркетот.
По краткиот период во шок, судијата стана и доработи натпреварот до крај, а публиката ја искористи ситуацијата за да му фати малку сеир на човекот задолжен за делење на правдата на теренот.