Организацијата „Ултимејт битдаун“ неодамна приреди аматерска ММА-борба, која заврши хаотично и многу смешно.
Борци беа Маркус Тан и Мохамед Саифул. Вистински урнебес настана откако Мохамед го доби првиот удар, по што почна да бега низ кафезот.
Дури и судијата мораше да реагира и да го предупреди борецот да не ја избегнува борбата.
Набрзо потоа мечот беше прекинат.