ВИДЕО: Тежок нокаут - Македонецот Блаже за четири секунди го „реши“ Хрватот во рингот

Блаже Дардов од Кавадарци, член на битолскиот боречки клуб Нинџуцу е новиот македонски талент во ММА. Тој на турнирот „Муња фајтинг чемпионшип“ кој се одржа во Загреб направи потег кој ретко се гледа во оваа тешка боречка дисциплина. Блаже за четири секунди го совлада постариот и посикусен противник, Плеурат Смајли од Хрватска.

Неговите пријатели од клубот не ни стигнаа да ги вклучат камерите за да ја снимаат борбата, кога Блаже веќе го „реши“ противникот. Дури и водителот на борбите со неверување гледаше и коментираше за тоа што се случува на теренот во кафезот. Судијата само што рече дека може да почне борбата, Блаже нападна молскавично и веднаш го собори противникот.

Судијата мораше и да притрча да ја прекине борбата, зашто веќе беше очигледно кој е победник. Дури и нашиот Блаже во почетокот со неверување гледаше дека всушност борбата, за која долго се подготвувал, заврши само што почна и тоа во негова корист.

Македонските нинџи, како што себе си се нарекуваат членовите на битолскиот боречки клуб, на турнирот во Загреб извојуваа две победи, а имаа и еден пораз.

„Две победи и еден пораз на Македонските Нинџи во Загреб против најсилните противници на турнирот од хрватската школа American Top Team. Квалитетно одработени трите борби на нашите борци од кои првата го имавме потегот на вечерта со нокаут во 4. секунда. Втората изгубивме на поени, а беше доста добра борба, и борбата на вечерта во која имаше најмногу атракција, боречки потези и удари и ја добивме убедливо на поени. Одиме посилно во иднина“, напишаа од клубот Нинџуцу на нивната страница на Фејсбук.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно