(ФОТО/ВИДЕО) ДРСКО И ПАЛАВО: Се појави во јавност без градник, а она што го направила со брадавиците ги шокираше стилистите

Немирната манекенка Кендал Џенер, популарната полусестра на старлетата Ким Кардашијан, како и сите од нејзиното семејство, обожава да биде во центарот на вниманието, а тоа и тргна од рака во Париз, каде што креацијата која ја носеше овозможи сите присутни да ги видат нејзините гради.

Кендал често изјавува дека воопшто не сака да носи градници, а дека тоа го спроведува и во пракаса можеа да се уверат фотографите и присутните на црвениот тепих во Париз.

Таму таа се појави со проѕирна маица под која брадавиците ги прекрила со налепници во облик на ѕвезди. Дел од стилистите го поздравија овој нејзин моден избор, оценувајќи го како дрзок и храбар, други пак го оценија како нешто што е веќе видено. Сепак, Џенер ја оствари својата намера бидејќи нејзината креација стана хит на социјалните мрежи.

Како изгледаше дефилето на Кендал во Париз, погледнете на видеото во продолжение...

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно