Изјава на Стевчо Јакимовски по гласањето на изборите

Stevce-Jakimovski-int74-3

- Ја завршив мојата граѓанска должност. Го дадов својот глас за оној кандидат кој сметам дека е најдобар на овие претседателски избори, изјави претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски откако гласаше во училиштето „Димо Хаџи Димов“.

Јакимовски изрази очекување дека изборите ќе бидат фер и демократски и ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање.

- Ги повикувам граѓаните да излезат во што е можно поголем број зашто се бира претседател на Република Македонија, а тоа е симбол на државноста, истакна Стeвчо Јакимовски.

Коментари

Популарно