Засе.мк рапорт: Вака Суперхикс ја прославија 20 годишнината

Групата Суперхикс со серија активности ја прославува 20 годишнината од своето постоење. Покрај останатото и со издавање на новото ЦД со наслов "The best of Суперхикс", кое официјално беше промовирано денеска.

Untitled

Суперхикс својот прв настап го имаа на 3. март 1994. година во тогашниот клуб „Дорс“ во Скопје. Оттогаш до денес имаат отсвирено стотици концерти во земјава и надвор од неа, снимени се демо изданијата „Јодл“ (1995), неколку демо снимки снимени во студиото на Гоце САФ (1996), ЕП „Музика за весели и тажни“ (демо со 6 песни) и дури во 2000. година се појавува првото официјално издание под капата на тогашен „Литиум Рекордс“, албумот „Чекај бе викам каде бе малку“ по кој следуваат „Трумано“ (2003), „Саботна фиеста неделна сиеста“ (лајв албум 2004), „И сега што?“ (2008), „Африка“ (2012) и најновото „The best of Суперхикс“. Во моментов Суперхикс ги подготвуваат и новите песни за следен албум.

Коментари

Популарно