Нема приговори за првиот круг од претседателските избори

До Државната изборна комисија во законскиот рок, кој заврши синоќа на полноќ, не е поднесен ниту еден приговор за гласањето на првиот круг од претседателските избори што се одржаа во неделата на 13 април. 

izbori-glasanje

Според информациите од ДИК, до нив се пристигнати пет приговори за прекршување на молкот на 12 и 13 април од страна на веб-порталите, како и за бришење на мастилото од палците на гласачите.

Се очекува исто така ДИК денеска или најдоцна утре да го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори.

Коментари

Популарно