ВИДЕО: Mистеријата е решена - Две девојки исчезнаа уште во 1971 година. Сега конечно се знае зошто …

Нашето патување е завршено, напишале во соопштението семејствата на двете девојки кои исчезнале пред 43 години. До сега не се знаело дали загинале во сообраќајна несреќа.

tocka-124414

Властите во Јужна Дакота конечно го затвориле случајот стар 43 години. Заклучиле дека двете исчезнати 17-годишни девојки загинале во сообраќајна несреќа во 1971-та година. Автомобилот со нивните тела бил пронајден во езеро и ништо не укажува на сомнителна смрт.

Средношколките Шерил Милер и Памела Џексон исчезнале на 29-ти мај 1971-та година. Возеле кон една забава. Дури во септември минатата година, благодарение на лошите временски услови и сушата, нивниот автомобил испливал од езерото, на стотина метри од местото каде што тргнале таа кобна ноќ, пишува Mirror.

Автомобилот бил во трета брзина, а светлата биле вклучени. Вештаците не пронашле алкохол. ДНК анализата го потврдила нивниот идентитет.

Во еден момент, Дејвид Лук, кој отслужува затворска казна поради друг случај, бил обвинет за убиството на девојките. Сомнежите биле отфрлени откако судијата потврдил дека изјавата била лажна.

"Нашето патување е завршено", напишале семејствата во соопштението, одбивајќи да дадат други коментари.

Коментари

Популарно